Очи во очи со огромна змија – македонската пејачка преплашена од средбата
Македонската пејачка сподели фотографии од необичената дружба.
Од нејзината фаца се гледа дека не ѝ е сеедно што во нејзина близина има змија.
Ивона Јовановиќ во јавноста позната како Ивона Јо работи со полна пареа на својата кариера.
ФОТО: Инстаграм / Ивона Јо
Досега се има појавувано на многу музички натпревари и во земјава и во регионов, но сега целосно е посветена на својата соло кариера.
По потекло е од Куманово и има 27 години.
ФОТО: Инстаграм / Ивона Јо
Ивона е еден од најдобрите вокали кои некогаш се појавиле во Македонија.
Активна е и на Инстаграм, каде редовно споделува новости за нејзината кариера, но знае да сподели и фотографии од своето семејство.
ФОТО: Инстаграм / Ивона Јо
Една е од ретките кои секогаш јавно зборуваат за промените кои ги прават на својот физички изглед.
Пред неколку години таа направи операција за намалување на желудникот и го реши проблемот со вишокот килограми.
ФОТО: Инстаграм / Ивона Јо
Многупати јавно кажала дека оттогаш започнал нејзиниот втор живот.
Ивона е голем професионалец и неуморно работи.
ФОТО: Инстаграм / Ивона Јо
Пред извесно време таа ја промовираше својата нова песна за која направи и видео запис.
На самиот спот Ивона имаше необична гостина – змијата Жане.
Таа сподели фотографии од зад камерите, а во опис напиша:
„Што се случуваше позади камерите? Како јас и Жане на @vojoivanov станавме најдобри пријателки“.