Очаен потег на Брижит да изгледа помладо – реши да направи три пластични операции, Французинките разочарани
Првата дама на Франција наводно одлучила да оди под скалпел
Француските и светските медиуми не престануваат да пишуваат дека првата дама Брижит Макрон наводно направила естетски операции во една приватна клиника во Париз. Таблоидите се полни со наслови кои тврдат дека 66 годишната сопруга на францускиот претседател направила три корекции, но повеќе детали не се познати.
Одредени медиуми објавија и дека операциите поминале одлично, дека Брижит добро закрепнува и дека истата вечер ја напуштила болницата. Се шпекулира дека одлучила да го направи овој чекор бидејќи постојано слушала дека изгледа многу постаро од нејзиниот 25 години помлад сопруг, Емануел, па наводно решила да преземе мерки.
Општо познато е дека Французинките не се склони кон пластични операции, односно дека го преферираат природниот изглед, па многумина го критикуваат ваквиот нејзин чекор. Според нив големата разлика во годините не може ниту една операција да ја сокрие, па ова може да биде само очаен потез на Брижит да му се „доближи“ на Макрон со изгледот.
Како и да е, дали има вистина во овие гласини ќе видиме следниот пат кога првата дама ќе се појави во јавност.