Реклама
Шопинг

Ох, колку се добри! Најдобрите панталони од Зара што ќе ги гледаме на секој черкор

Реклама

Карираните сукња-панталони се еден од најголемите трендови меѓу новитетите во продавниците на Зара, па нема да се изненадиме ако во следниот период станат еден од водечките трендови и кај нас.

По блескавите вечерни фустани време е да се отрезниме и да зачекориме како вистинска дама и во првите денови од 2019. Тоа е оној по малку депресивен период кога веќе сте се истрошиле максимално, и психички и физички, за време на празниците, зимата и студот полека почнуваат да ви стануваат монотони, а пролетта се уште е далеку. Но не грижете се, нема место за паника. Во продавниците уште сега ќе најдете преубави парчиња што ќе ви го разубават почетокот на годината, а кои можеме да ги „фураме“ се до пролет 2019.

Маркетинг

Меѓу нив на прво место би ги истакнале овие феноменални широки панталони кои се совршени за овој период од годината. Во прашање е кариран модел од Зара кој ги доживува своите пет минути и изгледаат неодоливо како поради женствениот облик што потсеќа на сукња, така и порди комбинацијата од ремен, висок струк и широките ногавици.

Маркетинг

Толку се добри, и не се претерано скапи, па воопшто нема да се изненадиме ако наскоро почнеме да ги среќаваме на секој чекор и на нашите улици.

Погледнете и други шик модели од овој бренд…

 

Поврзано

Back to top button