Реклама
Новости

Откри дека во неговата градина живеат глувци па одлучи да им направи минијатурно село

Реклама

Неодамна, фотографот Сајмон Дел налета на семејството глувци што трчаа околу неговата градина. 

И наместо да почне да ги поставува стапиците за да ги фати, реши да направи еден невообичаен потег.

Маркетинг

Имено, Дел на глувците им направи минијатурно село, а тие му се одолжија така што позираат пред неговата камера. И тоа го прават како вистински професионалци. „Стоев во дворот и фотографирав птици кога забележав дека нешто се движи во градината “, изјави Симон за порталот „Боред Панда“.

Маркетинг

„Ја насочив мојата камера кон земјата и бев шокиран, но и пресреќен кога сфатив дека убавото мало глувче стои пред мене во свежо косената трева. Во истиот момент истрчав кон куќата за да му донесам неколку кикиритки. Му беа потребни само неколку минути за да се врати по нив.“

„Потоа сфатив дека можам да му направам засолниште и безбедно место каде што ќе може да живее и да се храни”.

Првично имаше само едно мало глувче. Беше со голема лузна на увото и го нарековме Џорџ. Јас направив мала куќичка од дрво, му ставив и мов и малку трева. ”

„Исто така, направив и ограда од жица за да не дојдат кај него мачки, а имам и Џек Расел териер кој се обидува да ги држи подалеку љубопитните комшиски мачки и кој дури и не обрнува внимание на глувчето”.

По неколку дена се појави уште еден глушец, а подоцна ги избројав пет, Меѓу нив сега има и една женка, која ја нарековме Милдред. Таа беше бремена и кога дојде, па затоа очекуваме и бебиња околу Божиќ. ”

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button