Во теорија, губење на тежината е прилично едноставна: мора да јадете здрава храна и да вежбате.
Но понекогаш е многу полесно да го кажете тоа отколку да го направите. Ние сите знаеме за оние жени кои никогаш не се на диета, но тие секогаш изгледаат добро.
Па да откриеме која е нивната тајна …
Спиење
Најверојатно веќе знаете дека луѓето кои се хронично ненаспани почесто се дебели отколку луѓето кои спијат доволно и редовно.
Пешачње
Наместо да одат со автомобил, на работа тие одат пешки и не користат лифт.
Намалување на стресот
Ако вашите масти се акумулираат на стомакот, тогаш стресот може да биде виновник. Стресот предизвикува секреција на кортизол, што го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Не јадат пред екранот
Тие не јадат пред телевизорот, пред телефонот, таблетот или лаптопот.
Не се оптоваруваат со нереална слика на телото
Ако верувате во сè што гледате во весниците или на телевизија, никогаш нема да бидете задоволни со вашиот изглед.
Пијат доволно вода
Понекогаш, телото е „збунето”, а мозокот жедта ја толкува како глад. За да избегнете ситуации во кои јадете, иако ви се пие вода и НЕ сте гладни, не заборавајте да пиете доволно вода или незасладени билни чаеви во текот на денот.