Страсна, импулсивна, бунтовна, слободна, ентузијастички расположена во секое време, храбра, самоуверена, жива, забавна, потсвесна, мошне тврдоглава, темпераментна, пркосна – сето ова е жената во знакот на ОВЕН.
Таа е бестрашен и природен лидер, родена да биде во првите редови. Затоа Овенот е првиот знак на зодијакот – со својата енергија, харизма и динамичност тој секогаш е способен да ги води другите 11 ликови.
Жената Овен може да биде многу разиграна и е одличен авантурист кој секогаш гледа напред, и ретко се враќа во минатото.
Како и сите други, постојат недостатоци, а најчесто се егоистични, премногу тврдоглави и љубоморни.
Секс и врски
Припадност кон група на огнени знаци Овните ги прави многу страсни. Во љубовни игри сакаат да ја преземат иницијативата и да бидат оној кој ќе ја заведе другата страна, а исто така сакаат расправи кои ги сметаат за предигра пред сексот.
Кога е во љубов, таа се чувствува најважна и сè во нејзиниот живот тогаш станува екстремно. Таа не сака да се чувствува во врската како некој да ја поседува, но од време на време покажува љубомора и посесивост .
Таа е една од ретките жени кои можат да ја раздвојат љубовта и сексот. Понекогаш ѝ е полесно да се изрази себеси сексуално од интимно, и таа ќе сака работите да одат побавно ако станува збор за љубов. Во сексот, нејзиниот авантуристички дух е портретиран – таа сака да проба нови места за секс.