Покрај високата температура, кашлицата и тешкотиите во дишењето, постојат и некои други симптоми на вирусот корона кои ја придружуваат оваа инфекција.
Светската здравствена организација соопшти дека повеќето луѓе заразени со „Ковид-19“ ќе доживеат благи симптоми слични на респираторните заболувања и ќе закрепнат без посебен третман.
Постарите луѓе и оние со постојни здравствени проблеми имаат поголема веројатност да развијат компликации од оваа болест. Најдобар начин да се заштитите е да научите за вирусот корона и да знаете како се шири, наведува во своите соопштенија Светската здравствена организација.
Покрај познатите симптоми што ги наведовме на почетокот на текстот, многу пациенти се пожалија на губење на сетилата за вкус, мирис и слух, замор, црвенило на очите, затнат и полн нос и неможност да се разбудат наутро. Но многумина, исто така, наведоа и еден симптом за кој досега малку се дискутираше, а тоа се болки во мускулите, што може да биде можен знак за инфекција на коронарна вирус.
Исто како и со грипот, повеќето луѓе ќе доживеат поблаги симптоми како што се треска, кашлица, болка во мускулите или малаксаност.
Еден Британец опиша како изгледа кога имате корона вирус 10 дена.
46-годишен маж, кој сакаше да остане анонимен, се зарази од жена која се вратила од патување во тој период.
Вели дека чувствувал болки во мускулите и болки во грлото.
„Се чувствував како дека ќе добијам грип. Имав главоболки и треска и болки во мускулите кои се шират од вратот и рамената до моите гради. Исто така, не чувствував мирисав или вкус“, изјави тој.
Имал проблеми со спиењето затоа што чувстувал болки во мускулите и грчеви во нозете.
Вирусот делува на нашето тело така што влегува во нашите клетки и ги „пробива“.
Прво ги инфицира клетките што ги обложуваат грлото, дишните патишта и белите дробови и ги претвора во фабрика за вируси корона што исфрлаат огромен број на нови вируси кои дополнително го заразуваат организмот.