Откриен е и полот, Шехерзад ќе му роди уште едно дете на Сулејман Величествениот! Убавата мама објави среќни вести!
Нивното семејство наскоро ќе брои пет члена
Во турските медиуми до неодамна можеа да се прочитаат гласини дека бракот меѓу Халит Ергенч(50) и неговата 12 години помлада сопруга Бергузар Корел е на лабави нозе. Но најновите вести што самата Шехерзад ги објави на својот Инстаграм , дека со сопругот Сулејман Величествениот очекуваат трето дете, ги изненади сите.
Таа цели три години отсуствуваше од телевизиските проекти, и кога конечно повторно застана пред камерите, мораше да го прекине снимањето на новата телевизиска серија затоа што повторно е во блажена состојба.
Овие среќни вести ги изненадија нејзините бројни фанови, а информациите ги потврди и самата убава актерка која на својот профил го напиша следново:
„Откако три години ме немаше на малите екрани, за време на повеќемесечните подготовки за улогата во серијата ‘Knali Yayi’ дознав дека сум во блажена состојба. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, снимањето сепак моравме да го одложиме заради физичките промени кои не се соодветни за мојот лик. Не ми е лесно да се збогувам од серијата на која што работев со сјајни луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои многу научив и со кои поминав низ прекрасниот процес на создавање на овој проект. Желба ми е еден ден нашите патишта повторно да се сретнат“, напиша Корел, а потоа им се заблагодари на сите за честитките.
„Од моментот кога објавив дека сум бремена не можам да стигнам да одговорам на сите пораки. Ме направивте среќна, многу ви благодарам. Нека драгиот Алах во подари многу здравје и среќа. Ви Благодарам што постоите“, напиша познатата актерка на својот Инстаграм.
И како што пренесуваат турските медиум, според извор близок до парот, Бергузар и Халит веќе го знаат и полот на бебето.
Наводно, според истиот избор, познатиот пар по двата сина – 11 годишниот Хан и едногодишниот Али, ќе добијат и девојче.
Инаку, љубовната приказна на познатиот пар започна пред 13 години на снимањето на популарната турска серија „1001 ноќ.
Хемијата помеѓу нив беше видлива и пред, но и зад камерите, а заради љубовта што се роди решија да ги остават своите партнери.
Халит тогаш беше во брак со актерката Гизем Сојсалди која во тој момент беше бремена, но заради околностите одлучи да ја прекине бременоста. Бергузар пак го остави своето момче со кое неколку години беше во врска.
Халит и Бергузар се заколнаа на вечна љубов во 2009 година.
Шехерзад минатиот март се породи и го роди вториот син Хан, а за медиумите неодамна изјави дека постариот син Али и помага околу помалото братче.
И покрај тоа што во последните месеци во турските медиуми не ретко можевме да прочитаме дека познатиот пар има проблеми во бракот, убавата Бергузар со својата последна објава ги демантираше таквите гласини.
Таа тоа го направи и неодамна, со сет фотографии кога објави една од својот познат сопруг, но и за прв пат во јавноста покажа како изгледа нејзинот син Али.