Реклама
Вирално

Откриено како точно може да се закачи ковид-19, еве зошто спортските натпревари, ноќните клубови и роденденските прослави се опасни

Реклама

Одминува шестиот месец од почетокот на епидемијата, и веќе може да се насети поголем консензус околу за главното прашање: како луѓето се заразуваат? Научниците велат дека не е вообичаено да се закачи ковид-19 од загадена површина, а кратките состаноци со луѓето надвор, исто така, немаат да влијание на ширењето на вирусот, анализира „Вашингтон пост“.

Главниот виновник за инфекцијата е близок контакт, со интеракција помеѓу две лица во текот на долг временски период. Настаните со многу луѓе, местата со слаба вентилација или местата каде луѓето зборуваат или пеат гласно, го зголемуваат ризикот.

Маркетинг

Овие откритија им помагаат на компаниите и владите да изготват стратегија за повторно отворање, додека го заштитуваат јавното здравство, без истовремено запирање на економијата. Тие вклучуваат мерки како што се поставување на плексигласни бариери, од луѓето се бара да носат маски во продавници и други настани, да користат добри системи за вентилација и да ги одржуваат прозорците отворени секогаш кога е можно.

Маркетинг

Две големи студии неодамна покажаа дека широко распространетите мерки на затворање – останување дома, забрана за големи собири и затворање компании – спречија милиони да бидат заразени и спречија милиони смртни случаи низ целиот свет. Сега, со многу повеќе знаење, градовите и државите можат да усвојат насочени интервенции за да спречат повторно да се појави епидемија, велат научниците и докторите за јавно здравје.

Тоа значи подобра заштита на домовите за стари и повеќегенерациски семејства кои живеат на тесни места, велат тие. Исто така, тоа значи да се потенцира физичка дистанца и да се носат маски и да се намали бројот на собири во затворено.

„Не треба да размислуваме за затворања, туку за тоа како да го зголемиме физичкото растојание“, рече Тон Фридсен, извршен директор на непрофитната иницијатива за јавно здравје „ Реши за да ги спасиш животи“. „Ова може да вклучува активности на отворено, да се овозможи прошетки или возење велосипед до канцеларијата на доволно растојание, купување намирници преку Интернет и други слични методи кои можат да го олеснат продолжувањето на активностите без повторување на епидемијата“.

Сето ова вклучува голем број тестови, пронаоѓање контакти и изолирање на оние кои се заразени или биле во контакт со нив.

Навидум бенигна активност, како што се говор или дишење, создава респираторни капки со различна големина што можат да бидат разнесени од струења на воздухот и потенцијално зарази луѓе во близина, што е еден многу важен фактор за инфекција.

Здравствените служби досега го идентификуваа респираторно -капковниот како главен пат за пренесување на ковид-19. Овие големи капки течност можат да го пренесат вирусот од едно до друго лице ако слета на очите, носот или устата. Но, тие обично паѓаат брзо на земја или на други површини. Некои истражувачи велат дека новиот коронавирус може да се пренесе и преку аеросоли или минијатурни капки кои лебдат во воздухот подолго од оние поголемите капки. Овие аеросоли можат директно да се вдишат.

Тоа можеше да се случи во ресторан во Гуангжу, Кина, каде едно лице кое беше на вечера, но сè уште не беше болно, да го пренесе вирусот на останатите пет лица кои седеа на соседните маси. Вентилацијата во просторијата беше лоша и прочистувачите се исклучија, вели една студија која ги проучувала условите во ресторанот.

Аеросолите на вирусот се акумулирани во воздухот од говорот на пациентот или дишењето, а силниот проток на воздух од клима-уредот може да помогне во тие честички да се разнесат, според авторите на студијата, која сè уште не ја поминала рецензијата.

Добрата и доволна вентилација на места каде што луѓето поминуваат време и работат е многу важна, рече Југо Ли, еден од авторите и професор по инженерство на универзитетот Хонг Конг. Правилната вентилација, како што е истиснување на воздухот надвор и влез на свеж воздух во просторијата, го разредува количеството на вирус во просторијата и со тоа се намалува ризикот од инфекција.

Друг фактор е продолжената изложеност. Ова е дефинирано како 15 или повеќе минути незаштитен контакт на растојание помало од два метра, рече Џон Брукс од Американскиот центар за контрола и спречување на болести. Но, тоа е само правило, предупреди тој. Може да се случи и за помалку време да се зарази некое лице, со кивање во лицето или друг интимен контакт, каде се испуштаат многу респираторни капки, рече тој.

Суперносители на вируси

На една хорска вежба на 10 март година во Вашингтон, 87 проценти од присутните се заразиле, рече Леја Хамнер, епидемиолог кој ја водел истрагата и предупреди за потенцијални настани „суперносители“, за време на кои едно лице или мал број од нив го заразиле мнозинството. Членовите на хорот ги сменија местата четири пати за време на двочасовната проба, беа ограничени на тежок простор и беа претежно постари и поради тоа повеќе подложни на болести, вели таа. Сè на сè, 53 од 61 лице биле заразени и најмалку едно лице имало симптоми. Двајца починаа.

Неколку фактори беа важни, рече Хамнер. Кога пеат, луѓето испуштаат многу големи и мали респираторни честички. Пејачите исто така дишат длабоко, со што се зголемува нивната способност да вдишат инфективни честички.

disko1

Слична динамика на инфекција може да се види и во други средини каде е присутно подлабоко дишење и гласен разговор во подолг период – во спортски сали, на музички или театарски претстави, конференции, свадби и родендени. Од 61 случај на инфекција од истиот извор во Јапонија помеѓу 15 јануари и 4 април, повеќето биле таму каде што било вклучено длабоко дишење во непосредна близина, како што се забави на караоке, пеење во клубови, разговори во барови и вежбање во спортски сали, покажа неодамнешната студија во списанието Emerging Infectious Diseases.

Процентот на луѓе кои се заразуваат на одредено место или во одредено време може да биде многу висок кога станува збор за настани со голем број луѓе, во куќи и други простории каде има премногу луѓе на мало место и каде има долгорочни контакти. Се проценува дека околу 10% од луѓето се одговорни за 80% од преносите, според неодамна објавената студија во Велкам Опен Рисрч.

disko3 cr

Некои заразени лица може да имаат повисоки концентрации на вирусот или да произведат повеќе капки кога дишат или зборуваат или се наоѓаат во тежок простор со голем број на луѓе и лоша вентилација, за време на најинфективната фаза на болеста, рече професорот за заразни болести Џејми Лојд Смит од Универзитетот во Калифорнија.

Оваа стапка на можност за заразување на друго лице е истражувана во домаќинствата и се движи помеѓу 4,6 и 19,3 проценти, според неколку студии.

Брачните другари се со поголема веројатност да бидат заразени, 27,8%, отколку другите членови на домаќинството, 17,3%, според студијата од Кина. Постојат многу примери каде, кога семејствата ги следеле правилата за далечина и хигиена, другите членови не се разболеле, иако едниот член бил болен.

Експертите велат дека сте побезбедни надвор, бидејќи честичките на вирусот се разредуваат побрзо. Но, малите и големи капки претставуваат ризик дури и надвор, кога луѓето се во близок, долгорочен контакт, рече Линдзи Мар, професор по инженерство која го проучува преносот на вирусот во воздухот.

ФОТО: news.un.org

Никој не знае со сигурност колку вируси се потребни за да заразат некого, но неодамнешните студии нудат индиции. Во една мала студија објавена во списанието „Природа“, истражувачите не успеале да одгледаат жив коронавирус доколку во брисот земен од грлото и носот или од плуканка на пациентот имало помалку од милион копии на РНК вирусот.

Промена на упатствата

Сето ова влијаеше на промената на политиката – воведување на карантин, задолжително носење маски и инсистирање на далечина. Дури и американскиот центар за контрола и спречување на болести изјави дека во случај ситуацијата да се влоши, можеби ќе треба да се вратиме на ниво на затворањето од март.

Затоа препораките на Центарот се: да се носат маски, ограничена употреба на јавен превоз и лифтови, забрана за гушкање и ракување и допирање. Дури се препорачува компаниите да внимаваат на просториите каде што ручаат, прават кафе и слично и да заменат сè со предмети за еднократна употреба.

ФОТО: unsplash.com

Експертите велат дека бришењето на површините и поставувањето бариери за дезинфекција на работните места е добро, бидејќи ризиците од подолга директна интеракција се поголеми на такви места со поголем број луѓе. Иако ова е важно, експертите велат дека средства за дезинфекција не треба да се трошат во огромни количини на предмети и површини од околината. Важно е да се придржувате до предложените мерки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button