Откриени нови страшни детали за несреќата во која загина виолинистот Деки – остави жена и две деца зад себе
Колегите на музичарот се уште во шок
Виолинистот Дејан Митровиќ настрада во страшна сообраќајна несреќа кога на него налета автомобил управуван од жена.
Како што пренесуваат медиумите, младиот виолинист познат на јавната сцена во Србија и пошироко, настрадал на лице место, на патот во Обреновац, а лекарите што пристигнале со Брзата помош не можеле да му помогнат, па само констатирале смрт.
Според извори кои биле блиски со настраданиот, до несреќата дошло откако жената што го управувало возилото преминала на спротивната лента. Таа наводно се наведнала да го земе мобилниот кој во тој момент и испаднал од рацете и директно удрила во автомобилот на Дејан, по што музичарот им подлегнал на повредите.
Принтскрин
Музичарот зад себе остави жена и две деца, а покрај најблиските во шок се и неговите брoјни колеги од естрадата.
Принтскрин
Потсетуваме, Дејан важеше за исклучително талентиран виолинист кој на настапите со пејачите знаел да направи фешта.
Принтскрин
Бил мошне почитуван меѓу колегите, а неговите видеа на кои се гледа како свири на виолината со заби, па дури и со чинии, сега многумина со солзи и голема болка ги споделуваат на своите профили.
Принтскрин
„Дејан беше колега кој не развеселуваше и нас пејачите и музичарите, но и луѓето што дојдовме заедно да ги веселиме“.
Принтскрин
„Тоа се гледа по бројните снимки дека беше мошне духовит и омилен меѓу нас, но и кај луѓето кај кои настапувавме. Имаше жена и деца и нека Господ им даде сила на неговите најблиски да го преболат оваа страшна загуба“, изјави пејачката Марина Богдановиќ, која често настапуваше со починатиот музичар, а пренесе „Гранд.онлајн“.