Откриена тајната на брзото лекување на Борис Џонсон, од интензивна нега за неколку дена се крена со оваа терапија
Светската јавност е зачудена како британскиот премиер кој беше позитивен на коронавирус, само неколку дена по заминувањето на интензивна нега во болница, каде беше приклучен и на респиратор, чудесно се опорави и се врати на работа.
Професорот Иво Петров е еден од најголемите експерти во Бугарија и национален советник за кардиологија. Тој во интервју за софиски “Труд“ објави детали за озонската терапија која наводно е користена и за лекување на британскиот премиер Борис Џонсон.
Џонсон многу брзо се опорави од коронавирусот откако беше примен во болница на интензивна нега. Еве што бугарскиот професор објасни за терапијата со која наводно е излекуван британскиот премиер.
– Се зборува дека озонска терапија се користела во лекувањето на Борис Џонсон. Гледате колку брзо се опорави и се врати на работа. Озонот е вид на хиперактивна форма на кислород и има многу благотворни ефекти врз човечкото тело. Единствен ефект е да создава исклучително добра оксигенизација, односно снабдување на ткивата со кислород. Вториот ефект е што се создадени услови за оксигенизација на липидната обвивка на вирусот, што ја намалува нивната способност да се врзат. Третиот ефект е зголемување на имунитетот. Вирусот не целосно уништен, но неговата способност за врзување е намалена, а во некои случаи се покажа дека се создаваат неживи вирусни честички кои имаат многу помала способност за репликација.
Немаме 100 % лек за вирусот, но имаме многу мал број на вируси кои може да се реплицираат, а остатокот од имунолошкиот систем обично успеава да излезе на крај со нив. Во Шпанија озонската терапија веќе се користи во многу болници како протокол за болничко лекување.
Односно тоа повеќе не е дел од испитување и студии, а постојат и многу болници кои ја воведоа методата во стандардна примена кај пациентите кои се позитивни на Ковид-19. Исто така постојат неколку болници, меѓу кои и една во Барселона, каде озон им се дава на лекарите од првата борбена линија два пати неделно.
Сфатив дека сите лекари кои биле подложени на оваа профилактичка употреба на озонот се заштитени и ниту еден од низ не заболел. Некои од нив станале позитивни на ковид-19, но ниту еден не е болен. Озонот се користи во Италија, Германија – и претставува стандардна терапија за многу болести – автоимуни, канцер, заразни.
Исто така се користи и за рехабилитација. Озонската терапија се користи повеќе од 90 години со разни флуктуации, намалени или зголемени функции, зависно од тоа колку властите ја поддржуваат. Инаку, во последните 40-50 години зависи и од тоа како фармацевската индустрија се снаоѓа, а таа е мошне неповолна за неа бидејќи озонската терапија не може да се патентира – не е фармацевска метода.