Провокативна!
Кристина знае како да ги „запали“ социјалните мрежи. Овој пат позираше само во костим за капење и црни високи потпетици
Манекенката одлучи покрај базенот да ги мами воздишките на посилниот пол со своето занесно тело.
Имено, манекенката која неодамна ја освои титулата „Мис на фотогеничност“ на натпреварот „Мис Глоуб 2019“ се соблече во костим за капење и покажа беспрекорна линија.
Во прашање е едноделен модел на костим за капење со интересен детаљ во горниот дел и суптилни странични прорези со кои секоја дама може да ги истакне предностите на своето тело, но и да ги сокрие недостатоците.
Покрај преубавиот костим за капење Кристина носеше и црни високи потпетици, а целото издание го зачини со кармин во страсна црвена боја.
Не се сомневаме дека сите што беа во близина гледаа и се восхитуваа на нејзиното преубаво тело, посебно кога се во прашање претставниците на посилниот пол.