Реклама
Вирално

Откако се зарази, од болница реши да ги открие симптомите на новиот коронавирус: „Не можев да дишам, мислев дека е крај“

Реклама

Светската здравствена организација прогласи пандемија

И додека во Кина епидемијата полека стивнува, многу земји во Европа стануваат жариште и критична зона.

Маркетинг

Што се однесува до ситуацијата ка нас, вчера беше прогласена вонредна состојба на целата територија. Во моментот има 42 лица кај кои е потврдено дека се инфицирани од заразата, и оваа бројка во наредните денови се очекува рапидно да се зголемува. Но за да не дојде до тоа, односно за да можеме барем на одредено време да го сопреме ширењето на вирусот, надлежните апелираат да останеме дома и да ги следиме мерките што тие ни ги препорачуваат.

Тоа го препорачуваат и оние кои веќе се наоѓаат во епицентарот на заразата, а еден од нив е и Џастин кој преку социјалните мрежи реши да го сподели своето искуство со болеста и да испрати апел до сите нас.

Маркетинг

Еве што пишува тој на својот Твитер профил:

„И јас го добив! Луѓе не игнорирајте го ова! Јас сум многу здрав дијабетичар. Имам дијабетес тип 1. Моето тело добро се бори, но ова баш добро ме распарчи. Затоа не треба да сте морони. Останете дома“, пишува еден корисник на Твитер по има Џастин, кој се сликаше во болница со заштитна маска. Тој со повеќе објави на својот Твитер објасни како се чувствувал кога ги почувствувал првите симптоми,

„На 4 март почувствував главоболка и лесна болка во градите. Дишењето ми беше се потешко, но мислев дека е заради времето бидејќи се беше расцутено, па се сомневав дека е некоја алергија во прашање. Минатиот петок бев во брзата помош бидејќи градите страшно ме болеа и одвај можев да земам воздух, мислев дека е крај“, напиша Џастин, па продолжи да ја опишува состојбата.

„Добив лекови против грип, ме инхалираа и ме пуштија дома, кажувајќи ми да се вратам ако повторно не ми е добро. И се вратив. Дишењето ми беше кратко, градите страшно ме болеа. Главоболката беше толку силна што би турнала и мечка. Ова не е грип, не е ни срцев удар, оваа болка во градите е многу посилна. На пример, како кога прв пат ќе вдишете студен воздух со загреани гради. Да речеме дека е слично на тоа“, објасни тој и повтори во следниот твит:

„Ова не е грип. Грипот е нешто друго. Се чувствува толку поразлично од грипот. Само имам болки во градите и главоболка. Другите имаат различни симптоми во зависност од тоа колку телото се бори добро, здравјето, пушењето, староста“, пишува на социјалните мрежи Џастин.

Голема победа над вирусот!

Во последните 24 часа нема ниту еден заразен со Ковид-19 во Вухан, кинеските мерки даваат резултати!

Бројот на жртвите од корона во Кина во изминатото деноноќие се зголеми за осум лица, а бројот на заразени за 34, но други 819 лица успеале да се излекуваат, јави доцна синоќа кинескиот Државен комитет за хигиена и здравје. Освен тоа, ниту еден од новите случаи не е од Вухан, што беше епицентарот на епидемијата во земјата, пренесува Тасс.

Според податоците на Комитетот, бројот на заразени во земјата за цело времетраење на епидемијата достигна 80.900 лица, Од нив 70.,400 лица веќе се излекувани, а 3.245 умреа.

Ситуацијата во Кина сега е стабилна: во 15 од 31 региона воопшто нема заразени случаи, а бројот на заразени во болниците во другите 16 провинции, административни области и градови со централно управување варира од едно до неколку десетици лица.

Извор: Еспресо.рс, Нови.ба, Фокус.мк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button