Реклама
Наши ѕвезди

Откако остана без својот сопруг Шенка МНОГУ РЕТКО ЈА ГЛЕДАМЕ во медиумите, а овие денови имаше убава причина за славење!

Реклама

Македонската царица имаше убава причина за славење.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Шенка и Ѓорѓи Колозови се парот со чии улоги пораснаа многу генерации.
Македонските наросни приказни беа најгледаната емисија која се емитуваше на македонските програми.

Децата, но и возрасните со нетрпение ги очекуваа и гледаа без да трепнат.

Актерот Ѓорѓи Колозов од овој свет си замина релативно млад, на само 55 годишна возраст, на 13 октомври во 2003 година.

Маркетинг
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Пред 5 години Шенка затвори едно поглавје од својот живот – актерството.

Пензинерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово.

Таму таа одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, коси трева, сече дрва и ужива во природата.

Маркетинг
ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Во естрадниот магазин “Бекстејџ” таа проговори за прераното заминување на нејзиниот сопруг.

-Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден-денес ми е тешко што не може да го доживее тоа. Секогаш велат “Леле, ти ..греота…” – не сум јас за греота, јас сум тука и живеам – не сум за жалење, него го нема”, вели актерката.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

И покрај тоа што Ѓорѓи го нема, во нашето сеќавање секогаш ќе останат неговите актерски улоги. Многумина ќе кажат дека повќе никогаш нема дасе роди таков актер кој ќе го доловува така автентично улогите во народните приказни.

-Мене ми е драго што тој ѝ недостасува на Македонија. Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“, вели Шенка.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Круна на љубовта на познатиот актерски пар се нивните ќерки Катерина и Кристина.

За жал двете девојки не продолжија по стапките на своите родители. Тие воопшто не се експонираат во јавноста и многу малку се знае за нивниот приватен живот.

Деновиве Шенка имаше убава причина за славење.

ФОТО: Фан страна Ѓорѓи Колозов / Фејсбук

Имено, на 1 февруари легендсрнатс актерка го прослави својот 75 роденден.

Шенка Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови).

Родена е во 1947 во Добрево, Пробиштипско.

Да ѝ посакаме среќен роденден и уште многу години живот и дело на царицата на македонските народни приказни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button