Откако Беби Дол беше видена како јаде во народна кујна Митровиќ реши да ја вработи како личен советник
Советникот на Пинк, Жељко Митровиќ, реши да и помогне на пејачката откако работник во народна кујна изјави дека доаѓала неколку пати...
Како што пренесуваат српските медиуми, Жељко Митровиќ се слушнал лично со уметницата Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол, и решил да и помогне така што ќе ја вработи како негов личен советник.
Наводно сопственикот на Пинк пред неколку дена ја контактирал пејачката и и’ понудил работа во неговата компанија.
Ќе биде мој личен советник. Советник за убаво време, наводно изјавил Жељко, пишува српскиот „Телеграф“.
Беби Дол во 80-те и 90-те години на минатиот век беше една од најпознатите пејачки во регионот, но како што неодамна објави српскиот Курир, таа е забележала како зима храна од една народна кујна во Белград. Овие информации беа потврдени од волонтер вработен во оваа кујна кој истакна и дека повеќе пати доаѓала и дека толку била слаба што одвај стоела на нозе.
Своевремено и таа самата зборуваше за парите, но тогаш порача дека има доволно за свои потреби и дека сака само мир.
„Здравјето и мирот се најважни. Сакам само да имам мирен и убав живот без тензии и нервози. Никому не посакувам зло. А што се однесува до парите, тие доаѓаат и заминуваат.“
„Некогаш имав повеќе, но на мене малку ми е потребно и додека сум здрава, секогаш ќе заработам пари да имам за основни потреби“, изјави своевремено легендарната југословенска пејачка.
Фото: Инстаграм/ Беби Дол
Фото: Инстаграм/ Беби Дол
Фото: Инстаграм/ Беби Дол