Реклама
Наши ѕвезди

Отворено писмо на пејачката Ана Севиќ – ова е вистината за моето доаѓање во блницата кај Дарко!

Реклама

Пејачката Ана Севиќ од првиот момент е покрај својот поранешен сопруг Дарко Лазиќ откако тој доживеа сообраќајна несреќа, а поради тоа веќе неколку пати е ставена на столбот на срамот. Прво сите беа изненадени што веднаш се појавила во болницата, а потоа ја напаѓаа дека го оставила поранешниот сопруг да се бори за живот додека таа патува и се забавува.

Но за да им застане на патот на шпекулациите, Ана одлучи да напише отворено писмо преку кое се обрати до јавноста. Покрај тоа објави и своја фотографија на која јасно се гледа колку е загрижена, иако се обидува да изгледа совршено, на нејзиното лице се познава внатрешниот немир.

Маркетинг

„Фотографијата е направена пред неколку дена.. Можеби вам ви се чини како „нормална“ но секој што ме познава јасно гледа и знае колку напор требаше за да се обидам да го сокријам заморот и тагата зад неа, неспиењето, солзите и стресот поради сето што се случи. И покрај се тоа не ми појде од рака… Ова е една присилена поза, обид за насмевка која и покрај сиот труд не излезе од мене. Не постои тага што можете да ја сокриете со филтер бидејќи животот не е Инстаграм. Работам да ја вратам насмевката која на моето лице се гледаше до пред некој ден, работат на тоа и сите што ме сакаат и кои јас ги сакам, кои сакаат да бидат среќна и исполнета каква реално сум и сум затоа што ги имам сите причини за тоа. Се што беше во моја моќ јас го направив. Најпрво беше „што таа бара во болницата“, а потоа „гледај ја, не доаѓа во болницата, патува“ … Одамна сфатив дека на светот не можете да му угодите на секој и важно е она што го знаеме Бог и јас.. како и моето семејство“ напиша Ана и продолжи:

https://www.instagram.com/p/BpxxasFhK0E/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

„Знаете што? Во болница барав сила која сакав да му ја пренесам на мојот поранешен сопруг во неговата најлоша борба, барав енергија во себе за да му ја дадам и на него, бидејќи му е потребна на таткото на моето дете. Знам дека му значеше и дека му помогна да ги преброди најтешките моменти. Дали одам или не. Како што кажав пред некој ден на „Инстаграм стори“, тоа е моја приватна работа, а само еднаш успеа да ме фотографираат бидејќи тоа беше не само борба на Дарко туку и моја. Секој од нас пред една година тргна по свој пат и си води свој живот. Секој си направи свој избор. Јас одбрав да бидам среќна и сакана бидејќи имам право на тоа. Среќата е избор. Секој заслужува да биде среќен. Моето дете заслужува да биде среќно, а не може да биде ако јас не му покажам како изгледа тоа. Јас немам право да бидам несреќна бидејќи имам дете кое зависи од мене дали ќе биде среќно или не, а јас ќе направам се секогаш да биде среќна и насмеана. Ве сакам и ви се заблагодарувам на сите убави работи,…од зборови до енергија“ напиша Ана на Инстагам.

Поврзано

Back to top button