Остани смирен, затоа што тоа е најдобриот знак дека си господар на твојот живот
Научи да останеш смирен и покрај тоа што твоите планови не се остварија и што другите се насладуваат на тоа.
Биди смирен и кога ќе почувствуваш дека туѓите зборови не се вистина, затоа што единствено тие самите ќе страдаат од последиците на нивните лаги. Остани смирен и кога ќе те преплават со критики, но и кога ќе ти даваат комплименти затоа што сфаќаш дека тука нема ништо повеќе од празни зборови.
Учењето да се остане смирен е една од најголемите животни вештини. Па и кога ќе победуваш, треба да си свесен дека таа победа нема вечно да трае и дека секое вознесување и гордост не го зголемуваат, туку го скратуваат твојот мир.
Биди секогаш смирен и покрај повредите и подметнувањата од другите затоа што сфаќаш дека не мораш да го прифатиш сето она што доаѓа од другите.Биди смирен и покрај лузните што ги стекнуваш затоа што од нив ќе излезеш како посилна личност. Научи да останеш смирен затоа што тоа е најдобар знак дека си научил да го сакаш својот живот, таков каков што е – твој е.
Извор: Советник кон успехот