Осми ден потрага по двегодишната Данка Илиќ – граѓаните во шок, овие детали ги вознемирија сите
Мајката на исчезнатото девојче си ја отвори душата
Осми ден од потрегата
Откако некои медиуми од соседството објавија дека мајката на исчезнатото девојче наводно непосредно пред исчезнувањето на детето на интернет го пребарувала граничниот премин помеѓу Србија и Романија, се огласи и Ивана Илиќ, мајката на Данка. Таа прв пат откако исчезна нејзината ќерка се огласи и за „Нова.рс“ зборуваше за тоа дали го видела видеото на кое наводно се наоѓа Данка, а кое е направено во Виена, како и за сите медиумски шпекулации што се објавуваат, а во кои таа е посочена како некој што стои зад целата приказна.
„Чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа ние не се огласуваме . Ме болат сите тие шпекулации, фрлање на вината врз мене и сопругот“, вели потиштено мајката на Данка за „Нова.рс“.
Социјални мрежи
Што се однесува за натписите на одредени таблоиди дека наводно во нејзиниот телефон било откриено дека го пребарува граничниот премин со Романија, но и дека може кривично да оговара, таа потврди само дека мобилниот телефон навистина е на вештачење, но и дека не сака да открива повеќе детали за да не ја попречи истрагата.
Социјални мрежи
„Само Данка да ни се врати жива и здрава, а потоа ќе прозборуваме за сé“, вели Ивана во интервју за „Нова.рс“.
Во врска со видеото од Виена, Ивана вели дека го погледнала, но заради истрагата не сака да го коментира.
Социјални мрежи
Според неа полицијата професионално ја води истрагата и убедена е дека ќе ја пронајдат нејзината ќерка жива и здрава.
„На друга опција не сакам ни да помислам“, вели таа.
Потсетуваме, се уште нема јасни информации во врска со двегодишната Данка Илиќ од градот Бор во Србија. Таа исчезна во населбата Бањско поле, во вторникот на 26 март, во 13.45 часот, а потрагата и во осмиот ден не дава никакви резултати.
Девојчето во моментот на исчезнување имала виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, и со опавче во косата.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Граѓаните од целиот регион се потресени и сите нестрпливо чекаат вест дека девојчето е пронајдено, посебно откако се појави снимката од Виена во која наводно две Романки се снимени со едно девојче кое многу личи на исчезнатата двегодишна Данка.
Повеќе за ова прочитајте тука…