Ослабна 64 килограми и тоа без диета – нема да ви се верува дека во прашање е истата девојка
Аријана Омипи од Нов Зеланд минатата година доби преку илјада пораки со омраза и осуда откако откри на кој начин од 126 килограми ослабнала на 62 килограми. Битката со вишокот килограми ја води уште од 2012 година и дури во март оваа година конечно дојде до посакуваниот резултат.
Порано имала 130 килограми
Денес проблемите со вишокот килограми се зад неа и вели дека сега конечно е пресреќна од својот изглед, но и дека е свесна дека претходната состојба не била здрава за неа. И за да ослабне таа откри дека започнала со кето диета, но и дека тоа не било воопшто добар избор за неа
„Бев постојано гладна и оваа диета не беше за мене. Најдов друго решение како во корен би ги исекла проблемот со прекумерна тежина и внесувањето храна”, вели Аријана за познатиот портал „Boredpanda”.
Таа вели дека во изминатите шест години постојано се менувала и била жртва на познатиот јо-јо ефект. И бидејќи редовно ги објавувала своите осцилации на Инстаграм, луѓето често ја навредувале во коментарите, но и во пораки.
„Луѓето се сурови и зборовите понекогаш навистина болат. Само сакав да бидам искрена во својата борба со килограмите од кои што сакав да се решам, но тоа изгледа беше причина за многумина сурово да се шегуваат на моја сметка.”
Аријана одлучи за бариатриска хируршка интервенција – операција која го намалува обемот на желудникот и на овој начин се лечи екстремна дебелина.
Но операцијата не беше крај на проблемите за оваа девојка од Нов Зеланд, бидејќи откако ослабна мораше да води активен живот и да се соочи со стриите и вишокот кожа кој понекогаш воопшто не изгледа убаво.
„Целулитот, вишокот на кожа и стрии се нормални, кај сите жени, па и кај мене. Можеби не се видливи од секој агол, но јас немам проблем со тоа – знам кој сум и што сум . Јадам здраво и вежбам – не можам да бидам посреќна иако поради операцијата сите ме напаѓаа и навредуваа како да сум убила некој. А и кога подобро ќе размислам јас навистина убив – ги убив лошите навики во себе и животот што би ми го одземал овој живот што го имам сега“, заклучи Аријана.
https://www.instagram.com/p/Bt7KABZhKgA/
https://www.instagram.com/p/BrMzfrnFLXS/
https://www.instagram.com/p/BuGXqLhhRfK/
https://www.instagram.com/p/BuS8olWFtDP/