Ослабна 15 килограми, а сега го чека и резултатот од биопсија за тумор – мајката на Зерина се плаши за нејзиниот живот!
Зерина Хечо, која ја избричи главата во српското треш ријалити шоу „Задруга 2″, по што гледачите ја исфрлија од шоуто, не се чувствува добро.
Тоа го потврди и нејзината мајка, а ситуацијата најверојатно е и многу покритична отколку што сака да ја претстави.
„На Зерина и е многу лошо. Се плашам за нејзиниот живот, чекаме биопсија од тумор! Докторите велат дека состојбата е критична, не е добра“ – наводно изјавила мајката на поранешната ријалити ѕвезда, а пренесуваат некои белградски медиуми.
По ова се огласи и Зерина на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм. Но таа категорично ги негираше наводите дека се чувствува лошо и дека нејзиното здравје е загрозено, па објасни за што всушност станува збор.
„Мајка ми и јас не дававме никакви изјави за ниту еден весник. Сè што е пренесено не доаѓа од нас. Што се однесува до моето здравјето, закрепнувам. Точно е дека докторите ми најдоа аритмија и дека треба да пијам лекови. Сè уште ги чекаме резултати од биопсијата. Изгубив повеќе од 15 килограми, не можам да јадам ништо. Многу пушам цигари, тоа е точно. За ‘Задруга’ нема ништо да коментирам, немав претстава за она што се случуваше надвор. Слушнав само дека тие исфрлиле половина од она што го кажав, а кажав само ‘срам да ви е’ и тоа е доволно. Ви благодарам многу и продолжете да ме поддржувате, ова не е крај“ – заврши Зерина.