Реклама
Home Sweet Home

Орхидеи – пет правила со кои овие убавици конечно ќе процветаат и ќе го украсат вашиот дом

Реклама

Орхидеите се цвеќиња што изгледаат преубаво и секој простор можат да го исполнат со софистицираност, па доколку ги имате овие убавици во вашиот дом еве неколку интересни совети како да ви потраат што подолго.

На светот постојат преку 30.000 видови на орхидеи и речиси седум пати повеќе хибриди, а кој и да е вид од оваа егзотично растение во прашање, ќе го украси просторот во кој се наоѓа. Но во врска со нив постојат и неколку мали тајни кои многу ќе ви помогнат во нивното одгледување.

Маркетинг

Кога купувате oрхидеја, изберете ја онаа што веќе има цветови

Но пред да одлучете да ја купите, уверете се дали имате услови за неа

На различните видови и одговараат различни температури па доколку вашиот стан тешко се загрева преку зима заборавете на видовите што бараат тропски услови. Орхидеите сакаат и светло, но не директно изложеност на сонцето, па затоа водете сметка и за тоа колку светлина треба да имате во вашиот стан и како вашите прозори се ориентирани. Најдобро успеваат на јужни и источно ориентирани прозори.

Маркетинг

Колку треба да се наводнуваат зависи од видот на орхидејата

Во главно стојат два вида – оние што им е потребно многу влага и на кои единствено им е важно земјата да не е премногу влажна, и оние за кои е потребно редовно да се залеваат и да се одржува високо ниво на влажност додека се во сезона на раст, додека во сезоната на мирување помеѓу два вадења треба да почекате земјата потполно да се исуши.

Орхидеите е потребно да ги дохранувате отприлика два пати месечно

Само внимавајте, ако не водите многу сметка за дохранувањето, тогаш подобро е воопшто да не го правите тоа отколку да претерате.

Земјата треба да пропушта вода, но и да ја задржува

За орхидеите најдобро е да се посадени во супстрат кој брзо ја пропушта водата, но сепак ја здржува како што е на пример тресетната земја (ваквата земја е богата со јаглерод кој се создава од распаднатата вегетација или од органската материја). Исто така пожелно е орхидеите често да се пресадуваат, а кога го правите тоа најдобро е да користите свеж супстрат.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button