Реклама
Home Sweet HomeLIFESTYLE

Орхидеи: Неколку правила со кои вашите чувствителни убавици конечно ќе процветаат

Реклама

Ако планирате да купите орхидеја, тогаш изберете ја онаа што веќе има цветови. Без посебна причина, едноставно за да уживате во нејзината убавина.

Орхидеи обожаваат кога  ги „игнорирате”

Орхидеите растат во дивината во пукнатините на дрвјата! Затоа не бараат могу вода – доволно е еднаш во 2 недели. Понекогаш е неопходно да се мијат листовите со млака вода, но само кога се прекриени со прашина па сакате да ги исчистите.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BwBBvNFFPwB/?utm_source=ig_embed

Не треба многу светлина

Кога орхидејата ќе процвета стави ја на светлина, но најдобро е да не биде на директно сонце. Најдобро е да биде поставена на источната страна.

Маркетинг

Не ја сечи орхидејата

Не сечете ја гранката додека не потемни, бидејќи од неа лесно може да излезе нова.

https://www.instagram.com/p/BwBRC5jhh56/?utm_source=ig_embed

Кога еднаш ќе процветаат, цветовите може да се задржат и по неколку месеци, иако постојат видови кои ги губат за само неколку дена. Но кога билката (конечно) ќе ги исфрли цветовите, можете да очекувате дека повторно ќе процвета уште неколку пати или барем уште еднаш во текот на истата година. Доколку не сака да процвета повторно, можеби на вашата орхидеја ѝ недостасува светлина.

https://www.instagram.com/p/BwBjekiF6RD/?utm_source=ig_embed

Орхидејата треба да биде пресадена во супстрат што брзо ја пропушта водата, но сепак ја задржува. Орхидеите исто така треба редовно да се пресадуваат, а кога ќе го правите тоа, секогаш користете свежи супстрати.

Повторно ќе цвета следната година

Кога повторно ќе ги пушти цветовите,  уживајте со насмевка и чувствувајте гордост што го имате овој прекрасен цвет дома секогаш кога ќе го погледнете. Сега кога знаете како да се грижите за орхидеите, немате изговор зошто да немате барем една саксија во вашиот дом!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button