Органџиева за Нова година со никогаш подлабоко деколте – блеска од гламур, изгледа како милион долари
Се појави во страсно црвено издание и го украде шоуто
Агнеса ги воодушеви сите со своето црвено издание
Познатата скопска инфлуенсрка Агнеса Органџиева блескаше во своето издание со дочекот на Новата година.
Таа носеше деколтиран фустан, кој изгледаше како специјално да е кроен за неа, а од нејзините новогодишни објави на социјалната мрежа Инстаграм можеме да видиме дека Агнеса цела вечер беше поприлично расположена за дружба со своите пријатели.
Познатата русокоса дама за оваа пригода блескаше во црвен фустан, со длабоко деколте заради кое сите гледаа во неа.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Но покрај деколтето, Агнеса ги изненади сите и со необичниот детаљ од тил што фустанот ги имаше во долниот дел.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Покрај страсното црвено издание Агнеса ги воодушеви сите и со фризурата, но и со големите обетки во форма на крст.
Коментари предизвика и со гламурозната црвена бунда што ја носеше, а секако не изостана и кармин во оваа страсна боја.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Како познатата скопска трендсетерка изгледаше во најлудата ноќ во годината и зошто на Инстаграм се уште се зборува за ова нејзино издание, погледнете во продолжение.