Органџиева во издание во какво никогаш не сте ја виделе – брутално згодна, овој детаљ ги воодушеви сите
Пролетно издание за чиста 10-ка
Покажа како, но и со кого го помина празникот
Агнеса Органџиева на својот Инстаграм покажа како и каде го помина празникот и предизвика бројни позитивни реакции.
Имено, таа со своите фанови сподели неколку „сториња“, а она што на сите им го привлече вниманието беше нејзиниот стајлинг.
Познатата инфлуенсерка за оваа пригода избра широки фармерки во светло сина нијанса и куса маичка со јакичка, а целото издание го заокружи со тренди чевли во беж нијанса и висок бел ѓон.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
И бидејќи носеше куса маичка, Агнеса го покажа и својот совршено рамен стомак, но и беспрекорната линија со која што плени.
Веќе е познато дека таа е дама која сака добра забава, секогаш весела и полна со позитивна енергија, па празникот го помина во дружба со пријателките, но и со домашното милениче.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Потсетуваме, Агнеса на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии кои се одлична модна инспирација.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Па доколку овие денови ви недостигаат идеи како да се облечете за работа или ресторан, посетете го нејзиниот профил.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Ќе пронајдете и неверојатно добри вечерни комбинации со кои едноставно не можете да поминете незабележано.
Некои од нив погледнете во продолжение…