Органџиева во едно од своите најубави изданија досега – изгледа дамски, елегантно и божествено, фустанот што го носи е лyдило!
Агнеса Органџиева повторо блесна на својот Инстаграм
Една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи секогаш има некоја интересна и нова модна инспирација со која ги воодушевува своите бројни фанови. Таа овој пат беше расположена за стајлнг кој истовремено е софистициран и заводлив, а кој може да им биде одличен избор за девојките кои што ги чекаат матурски забави.
Нејзините елегантни изданија никогаш не поминуваат незабележано, посебно кога ќе заблеска во една ваква креација.
Убавата Агнеса позираше овој пат позираше потпрена до ѕидот и облечена во преубав беж фустан со детали од тантела, а целото издание го зачини со кармин во страсна црвена боја и беж високи потпетици.
Инаку познатата скопјанка само неколку дена претходно се пофали со уште едно прекрасно издание.
Имено, таа тогаш позираше во креација во тиркизна боја, со тенки прерамки и длабок шлиц со кој ги истакна нозете.
Оваа преубава светло сина нијанса е одличен збор за пролетниот период, така што и овој „look“ на Агнеса дефинитивно е сето она што секоја девојка би го посакала од својот матурски фустан.
Посебно што при креирањето на овој „матурско“ издание Агнеса доби совршен спој на провокација и „princess“ стилот.
Во продолжение погледнете уште комбинации од Агнеса, но и фустани совршени за матурските забави.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева