Операцијата ќе биде ризична и ќе трае неколку часа – јутуберот Лазаров сподели нови информации за Зоки
Се огласи познатиот јутубер Стефан Лазаров, еве што напиша за својот пријател
Нашиот познат новинар Зоран Василевски, во јавноста познат и како Зоки Фаци, во текот на следната недела ќе оди на операција.
Како што соопшти неговиот пријател и колега, познатиот јутубер Стефан Лазаров, операцијата е закажана за 18 септември, а истата ќе биде направена во една од најдобрите приватни клиники во Скопје.
Познатиот јутубер во објавата на својот Инстаграм профил соопшти дека операцијата ќе биде доста ризична и ќе трае неколку часа, па Стефан со емотивни зборови му се обрати на својот драг пријател.
Инстаграм/ Зоки Фаци
„Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и дека ќе победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава“, напиша Стефан.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Потсетуваме, на Зоки пред три години му беше дијагностициран рак на ногата по што му беше направена операција.
Инстаграм/ Зоки Фаци
По една година саркомот на ногата повторно му се врати, по што следуваа неколку циклуси хемотерапии, а потоа докторите му открија и голем тумор во стомакот, по што му беше соопштено дека треба итно да се оперира за да се отстрани туморот.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Зоки замина на операција во Турција, за која се собираа средства преку донации, но таму, по направени неколку испитувања, Зоки решава сепак да се врати во Македонија и тука да ја направи операцијата.
Инстаграм/ Зоки Фаци
И како што сега откри неговиот пријател и колега Стефан Лазаров, истата ќе биде направена следната среда, во Скопје.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Па, му посакуваме на Зоки да помине со лесно и што побрзо да оздрави, па заедно со својот пријател да снимаат уште многу емисии.