Операцијата е сериозна, но Зоки не се предава – се огласи од болницата, со својата позитива ги изненади сите
И покрај тешкиот период низ кој што поминува, повторно зрачи со својот позитивен дух и ведрина
Познатиот новинар и водител на естрадни емисии Зоран Василевски – Фаци моментално се наоѓа во болница каде чека операција.
Но и покрај тешката операција што го очекува за отстранување на канцерот од неговиот стомак и бројните прегледи што исто така треба претходно да му ги направат за да воопшто се случи операцијата, Зоки го задржа позитивниот дух и повторно им се заблагодари на сите оние што му пружаат поддршка во овие моменти.
„Овде сум неколку ден, ви се заблагодарувам н сите на прекрасниот тим на одделот хирургија. Дечки и девојки, без вас ништо“, напиша Зоки.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој на фотографијата е сликан во пижами и папучи, а на горниот дел од пижамите има цртеж со цртаните јунаци Том и Џери.
Потсетуваме, Зоки неодамна се врати од Турција каде требаше да се оперира, но по направените прегледи дозна дека ракот метастазирал.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој се врати во Македонија и реши тука да продолжи со лекувањето, а ова нема да му биде прва операција.
Имено, новинарот пред три години сосем случајно откри дека има некакво топче на ногата, кое подоцна излезе дека е карцином.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Зоки тогаш ја направи својата прва операција, а тогаш започна и неговата борба со оваа тешка болест.
Следната година карциномот му се врати, па следуваше повторно операција и неколку хемотерапии.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Но при едно испитување беше откриено дека ракот се проширил и дека му го зафатил стомакот, па итно треба да се оперира.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Зоки затоа замина во Турција каде требаше да се оперира, но таму му е откриено дека ракот метастазирал.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Откако ќе дознае дека болеста повторно се проширила, Зоки решава да се врати во Македонија и тука да продолжи со лекувањето.
Тој замина на операција во една од нашите најпознати клиники, каде животот им го предаде во рацете на докторите, а најголема поддршка има од најблиските, пријателите но и од неговите фанови на кои како што вели, им се заблагодарува најмногу.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Деновиве во врска со неговата болест се огласи и неговиот пријател и колега Стефан Лазаров, кој на својот Инстаграм напиша:
„Вчера е хоспитализиран во Систина и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што му пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде спремен“, вели Стефан за својот пријател.
Инстаграм/ Зоки Фаци
И под сите овие објави следуваа бројни пораки со поддршка, како од фановите така и од нашите најпознати лица.
„Господ нека те помилува и спаси“, „Со Господ и со добра волја само напред“, „Се молиме за тебе“, „Со лесно, Зоки“, „Биди добар“, му пишуваат на Зоки под неговите објави на социјалните мрежи.