Опасно предупредување од светски епидемиолог за пандемијата со коронавирусот: Ова е почеток, пред нас е најстрашното!
Светски признатиот епидемиолог предвидува дека корона вирусот повторно ќе почне да се шири штом радикалните мерки ќе завршат.
Пандемијата од корона вирусот Ковид 19 е главна тема во целиот свет, па затоа и познатиот американски водител Џо Роган, во вторникот посвети цела епизода од своите популарни емисии токму на оваа тема.
Тој како гостин во емисијата го покани докторот Мајкл Остерхолм, светски признат експерт за епидемиологија и јавно здравство, кој е професор во Универзитетот во Минесота и поранешен министер за надворешни работи за здравствена безбедност и автор на книгата „Најсмртоносниот непријател – нашата војна против опасните микроорганизми“.
Во текот на разговорот овој познат епидемиолог своето занимање во недостиг на релевантни термини го опиша како „медицински детектив“.
„Целата моја кариера ја поминав следејќи ги заразните болести, обидувајќи се да ги сопрам и да разберам од каде доаѓаат за да не ни се случуваат, но најмногу од се обидувајќи се да одговорам на ситуацијата како што е оваа“ – вели тој во разговорот со познатиот водител.
На прашањето колку епидемијата од корона вирусот, која Светска здравствена организација ја прогласи за пандемија, е навистина сериозна и колку треба да бидеме загрижени, познатиот епидемиолог веднаш го истакна аспектот кој често се предвидува околу оваа епидемија.
„Прво морате да сфатите нејзиниот тајминг, односно дека ова е само почеток. Така да во смисла на штета, болка, страдање и човечки животи што ги предизвика, ова навистина е само почеток. Ова ќе се развива уште со месеци, но мислам дека тоа луѓето не го сфаќаат“.
Иако во Кина епидемијата е сопрена и од ден на ден се забележуваат многу помалку нови случаи на заразени од вирусот, Остерхолм предвидува дека штом радикалните мерки на масовниот карантин ќе бидат сопрени, корона вирусот и таму повторно ќе почне да се шири. Тоа е затоа што овој корона вирус навистина се однесува како вирусот на грипот, односно нешто што многу лесно се пренесува низ воздухот, а сега имаме и податоци дека можете да бидете заразни и пред да се разболите, а во некои случаи и многу заразни. Како што вели тој, доволно е само да дишете, но и предупредува дека тоа не значи дека cмpтноcта ќе биде споредлива со грипот.
Веројатно најдобрата проценка која во овој момент ја имаме, но која се темели на ограничени податоци, е тоа дека ова би можело најмалку да биде од 10 до 15 пати полошо од најлошата на сезонскиот грип, вели овој епидемиолог.
Од друга страна, врвниот научник и епидемиолог Игор Рудан, за хрватскиот портал „Индекс“ во својот текст вели дека и претседателот на Америка, Доналд Трамп, бил во право кога изјавил дека бројката на човечките животи што ќе бидат изгубени во епидемијата ќе биде под 1%, ако не и значително помалку. Според него и Светската здравствена организација, која излезе со многу поголеми бројки, и претседателот Доналд Трамп се во право, секој на свој начин, но поради непознавањето на оваа струка на многумина им е тешко да следат што всушност навистина се случува.
На почетокот од секоја вирусна епидемија, пишува Рудан за „Индекс“, вирусот се уште се мачи да „скокне“ на луѓето. Затоа и ги избира оние со ослабнат имунолошки состав, кој може потешко да го исфрли. Заради овие причини првите пациенти неретко се постари лица или луѓе кои веќе имаат некои болести што ги прават да бидат ранливи. Тие ќе завршат во болница, каде во тој момент никој не се сомнева на епидемискиот потенцијал на нивните воспалени гради. Па така од нив ќе се разболат и другите болнички пациенти, а понекогаш и медицинските работници. Тие потоа болеста ја шират и на другите пациенти во болницата – чувствителни луѓе, постари лица, болни кои се лечат од тешки болести. Затоа и на почетокот процентот од пoчинaти меѓу заболените од КОВИД-19 е многу висок. Така беше во Вухан, а потполно идентично беше и во Италија – yмиpaa заразените низ болниците, претежно многу стари и болни луѓе.
Од тие причини, откако Кинезите забележале дека нешто чудно се случува во болниците дек луѓето масовно ги губат животите, ти почнаа да градат нови болници – за да имаат доволен капацитет да им пружат интензивна нега и да ги отстранат сите заразени со болеста Ковид-19 од останатите кои се тешко болни заради други болести, кои се најризични ако се заразат.
Според овие податоци, треба да сфатиме дека вкупниот број на заразени од корона вирусот во Вухан е многу поголем од она што здравствените статистики за потврдено заразените покажуваат. Имено, потврдено заразени се само оние кои се разболеле и морале да дојдат во болницата и тука да бидат тестирани на овој вирус. Тие по ништо не се репрезентативни за сите заразени со коронавирусот во Вухан. Од овие причини потполно е погрешно на интернет да се следат овие бројки и да се извлекуваат заклучоци.
Но како што напоменува овој епидемиолог, никој посериозен научник не може да прогнозира било што околу ширењето на овој сосема нов и непознат вирус во целокупната популација во светот и покрај тоа што во последните неколку недели можеа да се соберат доволно податоци барем за некои предвидувања. Па така според него, ако коронавурусот се прошири потполно низ Хрватска и ги прескокне бројните мерки на превенција, бројот на жртви би требало да биде споредлив со бројот на жртви од грип или од патни сообраќајни несреќи во истиот период. Но ако се прашувате зошто сме толку загрижени за коронавирусот, тоа е затоа што грипот веќе со децении е добро позната болест, која се враќа секоја година и имаме искуства со нејзините манифестации на десетици милиони заболени во светот. Знаеме како однапред и да развиеме вакцини, а почнавме на пазарот да ги добиваме и првите лекови кои донекаде се ефикасни. За разлика од грипот, за кој постојат вакцини со кои можеме да го заштитиме старото население, коронавурусот е непознат и треба да бидеме внимателни најмногу затоа што може да не изненади, вели тој.