Голем број на жени низ светот го следат трендот со филерите на база на хијалурон. И Македонките не останаа покуси да стават филери на лицето. Некој не е задоволен од тоа каква уста има па сака да ја згоелми, полните усти се хит меѓу познатите личности, дамите во поодминати години не си ги сакаат брчките па сакаат да направат корекции околу очите каде што се најмногу изразени итн. Но какви се последиците од оваа „скапа играчака“?
Предлогот дека филерите се идеалното решение главно се засноваше на фактот дека тие се краткотрајни и дека вашиот метаболизам лесно ќе ги распадне за неколку месеци – по што можете да ја повторите постапката или да се откажете. Но, во последно време, токму ова тврдење се повеќе се оспорува, а како што одминува времето и самите сме сведоци на феноменот на преполнети лица – лица кои по континуираното нанесување на филери се предимензионирани и често со нарушена естетика и симетрија.
Неодмана на социјалните мрежи се појави видео кое што стана вирално. Ова видео на Тикток го сподели хирургот за пластична хирургија Ками Парса од Лос Анџелес.
Да видиме дали ќе продолжите да ставате филери по ова видео?
На видеото со магнетна резонанца се гледа женско лице на кое е нанесен филер во пределот на усните, образите, вилицата и пределот под очите, а она што најмногу загрижува е фактот што филерот не само што не исчезнал, туку се удвоил во волумен со текот на времето.
@kamiparsamd #kamiparsa #fillers #hylenex #dissolvingfiller #dermalfillers #lips #teartroughfiller
Во ова видео акцентот е ставен на долгорочниот ефект на филерот. На магнетот јасно може да се види како волуменот се удвоил во споредба со тоа колку полнила биле ставени на почетокот бидејќи полнилата привлекуваат вода. Следствено, ова е проблем кога производот треба да се раствори бидејќи ткивото се шири, односно се растегнуваат влакнестите нишки кои држат дел од структурата на кожата и поткожното ткиво. Заклучокот е дека не треба да се претерува со хијалуронските филери, бидејќи ако се случи да треба да се стопат ткивото често се оштетува и растегнува“, вели експерит.