Театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна полна со живот, родена лидерка…
Жените Лав секогаш знаат да го привлечат вниманието на спротивниот пол, за што другите жени често им завидуваат. Тие се облекуваат со стил и се познати по својот одличен вкус. Нивниот плакар е полн со облека, која е елегантна и многу внимателно одбрана.
Како и кралот на животните таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.
Оваа жена има огромна лојалност во себе за луѓето кои ги цени. Тие не се многу и често Лавицата знае да згреши, но таа ќе биде лојална за сите оние кои ги цени. Секогаш можете да се потпрете на неа и да и верувате, но не ги тестирајте нејзините граници.