MAMAКафе муабет

Оние кои ја немаат најмногу зборуваат за чесност … Овој текст ќе ви го потврди тоа!

Advertisement

Одамна некој сиромашен селанец кој секојдневно му продавал путер на селскиот пекар.

Еден ден пекарот се посомневал во чесноста на селанецот и решил да измери дали путерот кој тој му го продавал навистина тежи 1 килограм.Кога го ставил на вагата имал и што да види – навистина селанецот му давал помалку од тоа што биле договорени.

Advertisement

Пекарот толку многу се разбеснил што веднаш отишол кај судијата да го тужи.Судијата побарал да го викнат селанецот и го прашал дали користи вага и како знае колку путер треба да стави во садот.Селанецот на тоа одговорил „Почитуван судија, јас сум прост човек. Немам модерна вага, ама имам еден едноставен стар кантар.“

Судијата тогаш го прашал како го мерел путерот кој му го продавал на пекарот, а тој му одговорил:„Почитуван судија, многу време пред пекарот да почне да купува путер од мене, јас секој ден купував леб од кај него. Така сега кога почна да купува путер од кај мене, јас секое утро купувам од него еден леб, го ставам од едната страна на кантарот и му мерам онолку путер колку што тежи лебот. Ако е некој крив што има помалку путер, тогаш тоа е тој самиот.“

Во животот сè ни се враќа со иста мера.На некои луѓе нечесноста им се претвора во навика, па после некое време целосно забораваат што е вистина. Но кога залажуваат? Очигледно само самите себе.

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button