Реклама
Наши ѕвезди

Она што го направи Поповиќ ги шокираше фановите – македонската Гранд ѕвезда го заврши шоуто

Тој испадна од шоуто, а му пресуди - ждрепка!

Реклама

И двајцата се неверојатно талентирани пејачи

Македонецот Омар Џаферовски настапи во дуел со Мирза Пандур во „Ѕвездите на Гранд“ и со својот настап воодушеви.

Тие и двајцата добија максимален број гласови, по што следуваше акапела, кога повторно резултатот беше нерешен.

Маркетинг

По второто акапела пеење, Ивана Петерс ја промени одлуката и гласаше за Мирза така што тој помина, а Омар заврши во баражот.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што самата Ивана потоа објасни, таа решила да го промени мислењето затоа што Мики Секуловски минатиот пат ја пееше „Јовано, Јованке“, истата македонска песна што сега ја избра и Омар и дека сега, според неа, тоа едноставно „не било тоа“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна Цеца предност му даде на Омар, а Босанац призна дека гласал за Мирза затоа што подобро пее народна музика.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И останатите претставници на жирито беа согласни дека Мирза Пандур имаше поенергичен настап и дека покажал повеќе емоции, а рокерот Ѓорѓе Давид, кој му е ментор на Џаферовски, беше изнервиран што неговиот кандидат мора да се бори во баражот, па имаше и неколку замерки за останатите членови на жирито.

Фото: Инстаграм/ Омар Џеферовски

Тој ги потсети дека истите тие во една пригода изјавиле дека никој подобро и со повеќе емоции не го пеел Тони Цетински.

„Но Боже мој. Нема врска, ова е резултатот сега, а јас ќе ти ги кажам моите замерки. Мислам дека беше апсолутно одличен“, изјави тој.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Немаше среќа ни во баражот

Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, овој пат навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите.

Имено во овој круг веќе и во баражот сите беа одлични пејачи, па така откако најпрво избра две дами, меѓу кои и Андријана Петрушовска, која исто така заврши во баражот (повеќе за нејзиниот настап прочитајте тука), му останаа Омар Џеферовски и Дејан Дачевиќ, односно Македонец и Босанец како што потенцираше Поповиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Еве, вака одлучив, бидејќи не можам да ги пуштам и двајцата… Ма не можам јас ова да го одлучам, нека одлучи ждрепката“, изјави тој, а по фрлањето на ждрепката во следниот круг се пласираше Босанецот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button