Она што го направи мајката на малата Вања на Фејсбук ги растажи сите – целиот регион тагува со неа
Не постојат зборови со кои би можеле да ја опишеме болката на оваа жена која остана без своето чедо...

Зорица Ѓорчевска, мајката на малата Вања, која беше монструозно убиена, осум дена откако безживотното тело на нејзината ќерка беше пронајдено ја избриша својата профилна и насловна фотографија на социјалните мрежи и објави црна позадина.
Таа претходно го избриша и постот во кој додека веруваше дека Вања била жива објави апел за помош во потрагата на нејзината ќерка.
Потсетуваме, на осомничените Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видовски, обвинети за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска (14) им беше изречен триесетдневен притвор. Оваа мерка му беше изречена и на таткото на починатото девојче кој заедно со нив беше донесен во Кривичниот суд.
Маркетинг

Фото: Фејсбук
Неколку дена подоцна ѕапсен е и креаторот, планерот и директниот извршител на овие злосторства, Љупчо Палевски Палчо.
Фото: Фејсбук
Првоосомничениот е фатен во Турција, а уапсено е и лице од Струмица кое му помогнало на да замине од Србија во Турција.
Тој со сомничи дека помогнал на лице што извршило тешко кривично дело за кое е пропишана казна од доживотен затвор.