Време е да ви откриеме какви високи потпетици ќе бидат хит
Поминаа првите неколку недели од новогодишните празници кои најчесто ги минуваме опуштено, и откако добро ги одморивме стапалата од високите потпетици што ги носевме во најлудата ноќ од годината, време е да ви откриеме какви штикли ќе бидат хит оваа година.
https://www.instagram.com/p/Br0a1kRnM95/
И од она што досега го забележавме од најпознатите модни списанија 2019 година ќе биде обележана со вечните класици, па така покрај квадратните потпетици од модната куќа Шанел вистински хит се и омилениот модел на легендарната Кери Бредшо од хит серијата Сексот и градот. Во прашање се сандали- папучи со високи тенки потпетици.
https://www.instagram.com/p/Br7eQi2ArvE/
Во нив ќе изгледате инстант средено, а покрај оние со дизајнерски потпис кој најчесто ни доаѓаат „во пакет“ со пресолени цени, можете да пронајдете и одлични модели во популарните „хај-стрит“ продавници од кои и ние најчесто купуваме. И нешто што можеби е најинтересно кај овој тренд кој го обожаваше и Кери Бредшо е тоа што не морате да чекате да дојдат првите пролетни денови за да го „фурате“ – овој модел одлично одговара и со сите плетива што ги носиме во овој период од годината и со фармерки.
https://www.instagram.com/p/BrvaZhfgJps/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BsqgPGZgANM/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bsvyhl0nF-C/?utm_source=ig_embed