Омилениот турски пар и понатаму ќе го гледаме заедно – се огласи и ПОЗНАТИОТ актер, еве што изјави на социјалните мрежи
Никој не знае што навистина се случило…
Откако турскиот Хариет објави вест, која што ја пренесовме, дека заради расправија на главните актери доведено е во прашање снимањето на познатата турска серија, се огласи и Керем Бурсин, кој го демантираше тоа.
Фановите на популарната турска серија „Чукни на мојата врата“ беа разочарани заради прекинот на снимањето што беше најавено во медиумите, а своето негодување го изразија преку социјалните мрежи.
Но потоа актерот Керем Бурсин се огласи преку Твитер и објави дека веста за прекинување а серијата не е точна.
Под неговиот одговор се нижеа коментари од фановите кои беа среќни што сепак ќе можат да го гледаат познатиот актерски пар.
Имено, веќе некое време се шушка дека Керем не можел да и одолее на неговата колешка Ханде Ерчел.
Тој наводно се вљубил во неа уште од самиот почеток на снимањето на серијата и од тогаш се речиси неразделни. Тоа беше повод и да се појават гласини дека се во емотивна врска, а ваквите муабети ги подгреаја и турските медиуми.
Инаку, магазинот Хариет пред само неколку дена објави дека до прекинување на омилената сапуница дошло затоа што се случил инцидент помеѓу главните актери. Иако до неодамна беа нераздвојни, веќе некое време се шушка дека нивната тајна врска сега дошла до самиот крај.
Имено според пишувањето на турските медиуми, тие неодамна жестоко се испокарале и го напуштиле снимањето.
Овие лоши вести ги потврдија и од продукцијата, пишуваа тогаш медиумите, но сега Керем го негираше тоа..
Се уште не е познато што точно се случило и зошто „преку ноќ“ се промени односот меѓу некогаш добрите пријатели и наводни љубовници.
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави неодамна извор за странските медиуми.
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел