Омилениот костим за капење на Кате од „Соната“ – Трајче ја фотографира, но оваа сирена и го украде шоуто
Еве како ужива познатиот пар

Познатиот пар ги воодушеви сите
Трајче и Кате од „Соната“ важат за еден од најскладните естрадни парови, а овие денови имаа посебна причина за радување.
Имено, нивната мала ќеркичка наполни пет години, а фотографијата на која Ана е како сирена ги воодушеви нивните фанови.
Но овој пат познатиот пар сподели уште една фотографија со која ги изненадија следбениците на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Кате и Трајче „Соната“
Тие сега покажаа како сите тројца уживаат покрај базенот, а многумина забележаа дека Кате во ова издание изгледа одлично.
Имено, познатата пејачка навистина ретко ја гледаме во костим за капење, а она што сите го забележаа е дека изгледа одлично.
Инстаграм/ Кате и Трајче „Соната“
Сепак, главна хероина на оваа фотографија е нивната мала сирена која со врзана косичка и воздушни мускули ужива со своите познати родители во нивните заеднички летни лудории.