Познатата трендсетерка и модна икона доживеа модно фијаско на ревијата на американскиот дизајнер со потекло од Непал, Прабл Гурунг.
Оливија Палермо која е синоним за беспрекорен стил на ревијата се појави во катастрофален стајлинг со кој докажа дека грешките им се случуваат и на најдобрите. Имено, таа на Модната недела во Њујорк се појави во сино-бела комбинација која најверојатно не би ја носеле ни нашите баби кога одат на Зелено пазарче или Бит пазар. Таа носеше бела „оверсајз“ ролка преку која облече блуза со „кроп топ“ крој во сина боја и со предимензионирани, засукани ракави, така што и двете парчиња заедно изгледаа претерано.
Ако на ова ги додадеме и долгото волнено здолниште и црните чизми со високи дебели потпетици ќе добиеме комбинација која дефинитивно изгледа трагикомично. А ако наместо здолништето облечеше црни фармерки или кожени панталони, најверојатно ќе изгледаше многу подобро.
Што мислите вие?