Реклама
Хороскоп

Октијте го БРОЈОТ на вашето раѓање и дознајте кои се вашите скриени вештини, но и што треба да менувате на себе

Реклама

Дали сте знаеле дека од датумот на раѓање можете да го дознаете вашиот број на раѓање? Овој број ја опишува вашата личност, одредува во што сте добри и кои се вашите вродени вештини, но, исто така овој број го нагласува и ви укажува на она што треба да го менувате на себе.

За да го откриете вашиот број на раѓање, собирајте ги бројките од вашиот датум на раѓање (ден, месец и година), додека не добиете само една цифра.

Маркетинг

Тој едноцифрен број е вашиот број на раѓање. .

Еве еден пример за пресметување на овој број за лице родено на 20 март 1980 година, чиј број е 5:

Маркетинг

20 + 3 + 1980 = 2003
2 + 0 + 0 + 3 = 5

Пресметајте го вашиот број на раѓање во оваа забавна игра и дознајте во текстот подолу што тој зборува за вас.

Број 1 – Стартер

 

Вие сте секогаш оригинални, новите идеи и нивното извршување ви се во природата. Многу луѓе ве доживуваат тврдоглав и арогантен, затоа што секогаш се обидувате да биде по ваше. Сакате да ја преземете иницијативата и да бидете најдобри, а идеалните работни места за вас се оние на лидери и шефови, односно вие сте сами свој шеф.

Совет:

Бидете со отворен ум и имајте во предвид дека идеите на другите луѓе некогаш се добри или подобри од вашите.

Познати “единици”:

Том Хенкс, Роберт Редфорд, Ненси Реган, Ракел Велч

Број 2 – Мировник

Вие сте дипломат. Свесни сте за потребите и чувствата на другите и често повеќе размислувате за другите, отколку за себе. Аналитичен сте и многу интуитивен, и не ви се допаѓа осаменоста. Пријателство и дружењето се многу важни за вас и можат да ве поттикнат да бидете успешен, но од друга страна радо би останале и сам, отколку во една врска во која не може да биде потполно свој.

Совет:

Вие сте природно срамежливи, па треба да работите за да ја зголемите вашата самодоверба и да научите слободно да се изразувате во секоја ситуација.

Познати „двојки”:

Бил Клинтон, Мадона, Вупи Голдберг, Томас Едисон, Волфганг Амадеус Моцарт

Број 3 – идеалист

Луѓето што го имаат овој број на раѓање се идеалисти, креативни, социјални, шармантни, романтични и опуштени. Често започнувате нешто, но не го завршувате. Сакате кога луѓето околу вас се среќни и ќе направите се за да им помогнете поради што сте омилени во општеството.

Совет:

Научете да го гледате светот и животот малку пореално.

Познати „тројки”:

Бил Козби, Мелани Грифит, Салвадор Дали, Џоди Фостер

Број 4 – Конзервативец

Вие сте конзервативен, сензуален и традиционален, а ги сакате редот и рутината. Делувате само кога целосно ќе разберете што се очекува од вас. Не се плашете од напорна работа. Сакате да потрошите време надвор затоа што чувствувате силна поврзаност со природата. Не ви е тешко да чекате затоа што сте тврдоглави и упорни.

Совет:

Бидете пофлексибилни, како и помалку строги кон самите себе.

Познати „четворки”:

Нил Дијамант, Маргарет Тачер, Арнолд Шварценегер, Тина Тарнер, Опра Винфри

Број 5 – неконформисти

Вие сте истражувач, а вашата љубопитност, страст за ризик и ентузијазам често ве носат во несреќни ситуации. Потребна ви е разновидност и ви се гади од рутински работи. Вие сте полни со прашања, а целиот свет за вас е училиште, и чувствувате дека можете да научите нешто од секоја ситуација.

Совет:

Понекогаш треба да размислите пред да дејствувате и да се запознаете со сите факти пред да донесете брз заклучок.

Познати „петки”:

Абрахам Линколн, Винсент ван Гог, Бет Мидлер, Хелен Келер

1 vistinska

Број 6 – романтичар

Вие сте идеалист, а за да бидете среќен треба да се чувствувате корисни. Имате силна потреба да се грижите за другите и да им помогнете. Односот со вашето семејство е важен за вас. Вие сте многу посветени, а професијата како учител е како создадена за вас. Сакате уметност и музика. Вие сте лојален пријател и сериозно ги сфаќате вашите пријателства.

Совет:

Научете да разликувате што можете да промените и што не можете да го направите.

Познати „шестки”:

Алберт Ајнштајн, Џејн Сејмур, Мерил Стрип, Кристофер Колумбо, Голди Хоун

Број 7 – интелектуалец

Вие сте трагач кој постојано бара скриени информации и секогаш сакате да ја согледате длабочината на сè што ве опкружува.

Чувствата не ги регулираат вашите одлуки. Во животот, вие преиспитувате сè, но не ви се допаѓа кога другите ве преиспитуваат вас. Никогаш не брзате, вашето мото е дека ќе бидете први што ќе ја достигнете целта со бавно и стабилно делување. Вие сте заинтересирани за технологија и сте успешни во истражувачки дејности. Сакате тајни.

Совет:

живеете во свој свет, но треба да научите што е прифатливо во светот околу вашиот.

Познати „седумки”:

Вилијам Шекспир, Мајкл Џексон, Џоан Баез, принцезата Дијана

Број 8 – голема фаца

Вие сте господар за решавање на проблеми, вистински професионалец во се што работите, а понекогаш и невнимателни. Добро ги проценувате работите и одлучни сте. Имате големи планови и сакате да живеете добро. Сакате да имате контрола над другите луѓе, и објективно гледате на сите. На другите јасно им давате до знаење дека сте главни.

Совет:

Бидете порелаксирани и потиснете ја потребата за контрола на луѓето околу вас.

Познати „осмици“:

Барбара Стрејсенд, Џорџ Харисон, Џејн Фонда, Пабло Пикасо, Арета Френклин

Број 9 – забавувач

Вие сте родени забавувач, грижлив и дарежлив, подготвен д ги дадете и последните пари за да помогнете. Неодоливо сте шармантни и лесно можете да најдете пријатели, никој не ви е странец. Имате толку многу различни особини што понекогаш им е тешко да ве разберат. Како камелеони, постојано се менувате за да се вклопите во секое опкружување. Љубовта е ваш предуслов за успех во животот.

Совет:

Не мора постојано да се менувате и да се прилагодувате на другите за да ги направите среќни.

Познати „деветки”:

Ширли Меклин, Харисон Форд, Џими Картер, Елвис Присли

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button