LIFESTYLEВести

Од 1 јануари 2024 македонските граѓани ќе плаќаат за влез во ЕУ – Еве колку ќе чини еден формулар!

Advertisement

Од 1 јануари 2024 година, ЕУ го воведува Европскиот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС) за трети земји, од што не се изземени и државите од Западен Балкан.

Во пракса, системот ЕТИАС значи дека секој граѓанин на која било земја од Западен Балкан ќе треба да пополни посебна апликација пред да влезе во ЕУ и на тој начин да побара дозвола за влез во Унијата.

Advertisement

Ова практично значи тивко воведување на нов електронски квази-визен режим, во споредба со сегашното слободно движење за сите граѓани на Западен Балкан (освен Косово).

фото Пекселс

Ова го поништува кандидатскиот статус, бидејќи нема да значи ништо и граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе бидат во иста позиција како и сите други патници, кои доаѓаат од кој било дел на светот во ЕУ.

Следуваат неколку работи што треба да се знаат за овој систем.

ЕТИАС не е виза

Системот не е вид виза за патување во шенген-зоната. Тоа е програма за безбедност наменета за сите жители на земји што може да патуваат во шенген-зоната без виза.

фото Пекселс

Системот треба да овозможи проверка на патниците кои влегуваат во зоната. Пријавувањето ќе трае десетина минути и нема да вклучува разговор или слично.

ЕТИАС не е за оние што не можат да влезат во шенген-зоната

Жителите на над 100 земји за кои се бара виза за влез во шенген-зоната нема да треба да се пријавуваат преку новиот систем.

фото Пекселс

ЕТИАС е мерка за безбедност

Целта на системот е да се обезбедат границите на шенген-зоната поради зголемениот број терористички напади во земјите во ЕУ. На овој начин ЕУ сака да знае кој ги поминува границите.

Ќе чини 7 евра

фото Пекселс

Пријавувањето во системот ќе чини 7 евра. Патниците нема да мора да се пријавуваат за секое патување бидејќи една апликација ќе важи две години.

Доколку пасошот истекува пред истекувањето на апликацијата, тогаш апликацијата за ЕТИАС ќе биде валидна до истекувањето на пасошот.

Второто пријавување ќе биде валидно пет години, а понатаму ќе се зголемува временскиот период на валидност.

фото Пекселс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button