Од скромно девојче, до ѕвезда која ги диктира модните трендови во Македонија – најдобрите комбинации на Гиговска
Антониа Гиговска за кратко време се истакна како девојка која знае паметно да избере модни парчиња за себе.

Таа во последно време малку како да го промени стилот, а тоа очигледно им се допадна и на нејзините обожаватели
Пејачката која оваа година заврши средно училиште секако дека ги изненади своите верни обожаватели и со своето матурско издание. И ако подобро ги погледнете фотографиите што ги објавува на Инстаграм ќе добиете впечаток дека носи облека каква носат и најголемите светски ѕвезди, па не е ни чудо што уште од сега важи за една од најдобро и најмодерно облечените девојки во Македонија.

Токму затоа и решивме да се осврнеме на нејзините модни комбинации и еволуцијата на нејзиниот стил во последните неколку месеци. Па, да почнеме по ред.

Високи чизми над колена и кошула-фустан – смело издание со кое младата пејачка ги диктираше трендовите.

За ова издание веќе ви пишувавме (види тука). Во прашање се куси панталони и сако – комбинација која важи за еден од водечките трендови за ова лето.

Таа иако е млада, успешно успева да покаже малку повеќе кожа и притоа да не изгледа невкусно.

Впечатливите бои дефинитивно се нејзин фаворит …

Иако го обожаваме начинот на кој Гиговска ги носи модерните парчиња, кога носи фустан или здолниште во комбинација со патики дефинитивно ја обожаваме.