Од Скопје заминаа на одмор во Грција со своето старо „југо“, фотографиите станаа хит: „Направивме само една пауза“
Носталгична фотографија се појави во група на Фејсбук.
Имено, скопјани со своето старо „југо“ заминаа во Грција, па со фотографија покрај море објавија дека пристигнале.
Од Скопје заминаа во Грција на одмор, го подготвија целиот багаж, го прикачија на држачот и се упатија кон грчките плажи.
По четири и пол часа возење стигнаа, а црвеното Југо изгледаше како штотуку да излезе од фабриката.
– Југо е од 1992 година, а ние од Скопје. По четири и пол часа стигнавме на нашата дестинација, а направивме само една пауза за да наполниме гориво во Гевгелија – раскажа Тања Стојковиќ Тодевска за Телеграф.рс.
Тие со фотографија на Фејсбук ги поздравија сите Југословени и ги потсетија како оделе на море.
ФОТО: Фб