Од ова на многумина ќе им се заледи крвта – ден по монструозното убиство Палчо го направил ова?!
Многумина не можат да поверуваат дека првоосомничениот во убиството на Вања само еден ден по ова свирепо злосторство се појавува во подкаст и потполно ладнокрвно снима видео, како ништо да не се случило...
Грозоморното убиство на малата Вања Ѓорчевска ја потресе цела Македонија, но и земјите во соседството, па и пошироко.
Посебно бизарно во целата работа е што еден од главните осомничени е лице кое на сите во Македонија им е добро познат.
Станува збор за Љупчо Палевски познат и како Палчо, кој во последните неколку години беше активен и на социјалните мрежи.
Тој имаше свои поткасти на Јутјуб, а на своите Инстаграм и Фејсбук профили често објавуваше политички содржини.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Беше активен и во политичкиот живот, имаше своја партија, а своевремено беше истакнат член на владејачката СДСМ.
Неговите профили на социјалните мрежи се уште се активни, а на Јутјуб се уште стои видеото што е снимено во живо и тоа само еден ден по грозоморното убиство на Вања, за кое што токму тој е посочен како убиец од приведените лица во истрагата.
Палчо во видеото е крајно сталожен и кај него во ниту еден момент воопшто не се забележува никаква вознемиреност.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Тој во видеото зборува за својата политичка партија „Трета“ и остро ја критикува сегашната власт во Македонија.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, медиумите во регионот известија и за еден многу чуден симбол кој што се наоѓа на многу негови фотографии на социјалните мрежи.
Палчо со уште еден од осомничените – и двајцата го имаат овој симболот на маичките
Всушност станува збор за словенски пагански симбол кој влече потекло од келтските племиња, а сличен симбол користеле и нацистите.
Во прашање е симболот коловрт кој го претставува симболот на Сонцето, светот и распространетоста, животот и смртта.
Ова е симболот на словенскиот бог Сварог, а името доаѓа од зборовите „Коло“ што значи тркало и вр(а)т што го означува вртењето на краците. Од тука и овој симбол претставува бесконечен циклус на раѓање и смртта, и истиот се наоѓал на погребните артефакти и сандаци.
Википедија, Пандукт, Коловрат во Ерменија
Овој симбол заради сличноста со свастиката некои го доведуваат во врска со нацистички симболи и движења, во главно го користат ултра-десничарските движења за полесно препознавање.
Википедија, Валдавија – Римски поден мозаик
Но токму заради нацизмот овој симбол можеби засекогаш е и извалкан, бидејќи оние што го носат немаат време да објаснат што е неговото вистинско значење, па од самиот старт би биле означени како нео-нацисти, фашисти, ултра-десничари и слично. Впрочем сега истото ќе се случи и доколку биде докажано дека Палчо навистина го извршил монструозниот чин, па членовите на неговата партија, но и сите оние што ги обожаваат овие симболи ќе бидат веднаш препознаени како лица со ставови блиски до неговата идеологија.
Википедија – џам во Етиопија
И покрај тоа што станува збор за еден од симболите кој и за Словените од овие простори во минатото имал големо значење.
Википедија – мозаик на Плаошник, Охрид
Најстариот ваков симбол е пронајден во Украина, во местото Мезине, а овој артефакт од слонова коска е стар неверојатни 12.000 години, и најверојатно е поврзан со една од најстарите култури што некогаш цветала и на овие простории, но која за жал е потисната од нашите историските учебници.
Фото: МВР
Потсетуваме, Љупчо Палевски познат како Палчо е еден од главните осомничени за свирепото убиство на малата Вања.
Тој моментално се наоѓа во Турција, каде во текот на вчерашниот ден беше уапсен од тамошната полиција и ќе се чека да биде екстрадиран.
Фото: Фејсбук/ Зорица Ѓорчевска
Но овој процес би можел и да потрае, и покрај тоа што нашите органи експресно го изготвија барањето за екстрадиција.
Тој се товари за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.