Реклама
Вирално

Од оваа информација сите се плашат: Откриено кога ќе следи враќање кон нормалниот живот после корона пандемијата

Реклама

Доктор Ентони Фаучи, главниот американски експерт против пандемијата на коронавирус, во петокот нагласи дека неговата држава нема наскоро да се врати во нормалниот живот, зошто му се потребни месеци и месеци за вакцинација.

Фаучи рече дека очекува вакцинацијата да биде достапна на почетокот на 2021 година, но дека ќе мора да завлеземе во 2021 година за воопшто да размислуваме за враќање кон стариот начин на живот.

Маркетинг

– Ако зборувате за нормалноста пред ковид-19, тоа ќе биде возможно во 2021 година, можеби дури и при крајот на таа година, објасни тој за телевизијата МСНБЦ.

– Додека организирате дистрибуција на вакцината и го вакцинирате поголем дел од населението, тоа нема да биде пред крајот на 2021 година, заклучи тој.

Маркетинг

Овој 79-годишен имунолог изрази и загриженост поради отворањето на затворените делови од ресторанот каде станува постудено.

– Да се биде во затворен простор апсолутно го зголемува ризикот. Ме загрижува кога ќе видам дека почнуваат активности во затворени простори, а тоа станува се понеизбежно како што навлегуваме во есен и зима, нагласи Фаучи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button