Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Од нив не очекувајте лесно да се заљубат – Може да погодите кои се најтрвдокорните хороскопски знаци?

Реклама

Љубовта може да биде комплицирана, а некои луѓе тешко се отвораат за емотивни врски. Нивната претпазливост и стравот да не бидат повредени често ги држат на дистанца од романтичните искуства.

Ако некогаш сте се запрашале зошто е тоа така, астрологијата ги има одговорите – такви се луѓето родени во овие хороскопски знаци.

Девица

Девиците се познати по својата аналитичност и практичност, па кога е љубовта во прашање, нема простор за импулсивност. Ретко паѓаат на „љубов на прв поглед“, напротив, ќе гледаат од сите агли, ќе бараат маани, ќе ги анализираат ситниците и ќе ги оценуваат сите преку тестови кои само тие ги разбираат.
За Девицата љубовта мора да биде совршено уредена сложувалка во која секое парче има свое место. Љубовта кон нив не е само хемија, туку и компатибилност, вредности и разбирање на сите можни нивоа. Така, додека Девицата ќе се заљуби, поминало доволно време што можеби веќе сте го заборавиле почетокот на приказната.

Маркетинг

Јарец

Јарците не играат игри, а љубовта кон нив не е нешто со што лесно може да се експериментира. Како знак на сериозна перспектива на животот, Јарците внимателно избираат кому ќе ги отворат срцата. Сакаат стабилност и доколку не гледаат сигурна иднина во врската, попрво би се држеле на дистанца отколку да се препуштат на емоции кои би можеле да ги повредат.

Јарецот е вистински заштитник на сопственото срце, со изградени ѕидови кои само некој исклучително вреден може да ги пробие. И додека другите можеби ќе бидат вовлечени во виорот на емоции, Јарците ќе претпочитаат да си играат на сигурно и да проверат дали личноста пред нив е навистина „онаа“ пред да се заљубат.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button