Од мудростите на Маја Ангелоу: „Љубовта е како вирус, може да му се случи секому, во секое време.“
Маја Ангелоу е позната американска писателка и поетеса, како и голем борец за човекови права
За поновите генерации ќе остане запаметена како поетесата и првата Афроамериканка што напишала бестселер.
Ангелоу се издигна од сиромаштијата, изолацијата и насилството и стана голема сила на сцената, ТВ-екраните и во пишаниот збор. Во 2001 година е прогласена за една од 30-те најмоќни жени во САД.
Ова се нејзините мудрости:
„Ако нешто не ви се допаѓа променете го, ако не можете да го промените, променете го својот став.“
„Ако во вас живее само една насмевка, подарете ја на оној кој највеќе го сакате.“
„Огорченоста е како рак, го јаде домаќинот, но, бесот е како оган, пустоши се пред себе.“
„Научив дека луѓето ќе заборават што си кажал, ќе заборават што си направил, но никогаш нема да заборават како се почувствувале заради тебе.“
„Нема поголема агонија, од носењето во себе на недокажана приказна.“
„Ништо нема да функционира, ако ти не функционираш соодветно.“
„Детскиот талент да се издржи, потекнува од нивното непознавање на алтернативите.“ „Копнежот по домот, живее во секој од нас.“
„Во животот може да наидеме на многу порази, но никогаш не смееме да бидеме поразени.“
„За секое големо достигнување, потребно е време.“
„Љубовта е како вирус, може да му се случи секому, во секое време.“