Од манекенка стана пејачка, а сега како никогаш порано провоцира на социјалните мрежи
Во последно време не мирува и ужива да провоцира.
Кристина Димитриевска секој ден пласира нешто ново во јавноста и ги воодушевува своите следбеници.
Таа ја промени професијата и од маникенка стана пејачка, па се почесто настапува по скопските локали, каде местата се исполнети до последно.
На нејзиниот изглед дефинитивно никој не може да остане рамнодушен, а во последно време често објавува и провокативни фотографии и на социјалните мрежи.
Овојпат Кристина без шминка на лицето објави фотографија во црно боди кое ги откриваше нејзините колкови и го истакна тенкиот струк, а целиот изглед го заокружи со црни чизми до колена.
Оваа глетка е вистински рај за очи за мажите, а може да се рече и за жените кои и завидуваат на совршената фигура која ја има иако е мајка.
Таа претходно позраше пред огледало само во бањарка и ја разгоре фантазијата на мажите.
-Туширај ги луѓето кои ги сакаш со љубов-напиша Кристина, по што следеа еден куп коментари и лајкови.
Кристина важи за една од најгодните жени во земјата, а често покажува и како го одржува своето тело во топ форма.
Стегната во хеланки, таа умее да направи тешки вежби, но и жешки кадри додека вежба.
Инаку во 2019 година победи на изборот за „Мис на Балканот“. 23-годишната Македонка од Тетово ја освои престижната титула.
Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора.
Се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.