Од кабинетот на претседателот потврдија дека првата дама е позитивна на коронавирус – заразен е и еден министер во владата!
Првата дама на Бразил, Мишел Болсонаро, позитивна е на вирусот корона, пишува во официјалното соопштение од претседателскиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека, покрај сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, заразен е и министерот за наука и технологија Маркос Понтес.
Првата дама Мишел Болсонаро беше позитивна на тестот. Таа е со добро здравје и ќе ги следи востановените протоколи, пишува во соопштението.
Болсонаро веќе два пати беше позитивен на тестот за вирусот корона.
Бројот на заразени во Бразил денес се зголеми за речиси 70.000, а животот го изгубија 1595 луѓе.
Според официјални податоци, во Бразил се забележани најмалку 2.5 милиони случаи на зараза, а животот досега го изгубиле најмалку 90.000 лица.
Најубавата плажа останува затворена
Според најавите на властите, Рио де Жанеиро повторно ќе ги отвори своите преубави плажи дури откако ќе биде пронајдена вакцината против „Ковид-19“.
Претходно овој месец, градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марчело Кривела, изјави дека познатата плажа во овој град ќе биде отворена за капачи и други посетители дури откако ќе се пронајде вакцина против „Ковид-19“. Ова ја вклучува и најпопуларната плажа во светот – Копакабана.
Во моментов, плажите во Рио се отворени исклучиво за луѓе кои вежбаат и сакаат да уживаат во спортот, иако мора да се признае дека од време на време некои од нив ги кршат овие правила. Многумина не користат маски и не ги почитуваат правилата за задолжително социјално растојание.
„Таму каде што не можете да користите маски, сето тоа може да се спречи, само ако постои тестирана вакцина или ако нивото на инфекција е близу до нула“, изјави Кривела пред новинарите.
„На плажите не користете маска и нивото на инфекција се зголемува“, додаде тој во своето официјално известување.