Реклама
Вирално

Одите на пазарување за време на епидемијата на корона: 5 мерки на претпазливост за да ја одбегнете заразата!

Реклама

Откриено е и како да се мие храната и дали да се дезинфицира целата амбалажа.

 

Маркетинг

Се уште има голем број на прашања на кои сме заинтересирани да одговориме кога станува збор за купување намирници за време на корона пандемијата.Еве неколку стручни одговори на најчесто поставуваните прашања за купување и што е безбедно, а што не.

Дали е безбедно да се оди во продавница?Јасно е дека повеќето од нас се дома и имаме намален социјален контакт за да престанеме со ширењето на вирусот, па колку е безбедно да се оди во продавница? Најважно е да не стапите во контакт со заразеното лице и тоа се најважните мерки на социјална оддалеченост и заштита. Внимавајте на растојанието и по можност носете маска и раквици.

Маркетинг

Пред некои продавници, на влезовите има средства за дезинфекција со кои треба да ги исчистите рацете. Бидете сигурни дека ги миете рацете кога ќе се вратите дома и откако ќе ги распакувате намирниците. Во меѓувреме, не допирајте го лицето со рацете.

Дали може да се нарача храна?Храната не претставува ризик, ризикот е контакт со продавачот / снабдувачот. Денес, повеќето компании за испорака нудат бесконтактен превоз, затоа искористете го тоа.

Дали треба да ги исчистат лименките, торбите и другите пакувања по враќањето дома?„Врз основа на она што го знаеме денес, тоа е по избор“, рече Бен Чепмен, доктор и професор по безбедност на храната.

Она што тој смета дека е задолжително е миење на рацете по допирање на намирници, бидејќи тоа е најбезбеден начин да се спречи ширење на вирусот. Измијте ги рацете кога земате, на пример, печурки. Измијте ги рацете откако ќе ги измиете и пред да допрете друга храна. И продолжете да го повторувате.

Што е со свежата храна?Засега нема докази дека вирусот се шири преку површината на таквата храна, но сепак има докази дека може да живее на нив, според студијата која разгледала респираторни вируси. Чепмен посочува дека шансите за контакт со вирусот на овој начин се многу мали, но свежата храна треба темелно да се измие.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button