Огњен Врањеш ги изненади сите кога изјави дека никогаш не ја сакал Карлеуша – еве што му врати пејачката и каков ладен туш му даде!
Огњен Врањеш една година по она што се случи помеѓу него и Карлеуша реши да прозборува јавно за нивниот однос.
Тој во неговото интервју за весникот „Курир“ изјави дека никогаш не ја сакал Карлеуша, но се осврна и на многу други работи од нивната љубов.
Еве што му порача Карлеуша по интервјуто:
„Кога и по повеќе од една година некој зборува опсесивно за вас, измислува врска, го напаѓа вашето семејство и вас, јасно е дека во прашање е изопачен ум и драго ми е што сега тоа сите го гледаат. Во нормална држава јавните личности со закон се заштитени од ваквите социопати додека во Србија секој може да се прослави на ваков срамен начин. На овој несреќник му го простувам сето зло бидејќи мајка ми ме научи дека простувањето е најголемата победа на добриот човек. Таа знаеше и да каже – ‘Сине, секој кога тогаш со своето зло ќе се занимава’, Па нека биде така“, му порача Карлеуша без влакна во јазикот во својот коментар.
Инаку, одговорот на Карлеуша следуваше откако фудбалерот на грчкиот АЕК кој досега ниту еднаш не зборуваше за нивниот однос, реши да ја отвори душата и да ја каже својата верзија. Тој во интервјуто за Курир изјави дека се кае и дека му е срам што воопшто познавал таква личност како Карлеуша. На прашањето што се случило меѓу нив, Врањеш одговори дека помеѓу љубовта и омразата линијата е тенка, а кога ќе ја снема линијата станува јасно што ќе се случува.
„Нејзиното мислење не ме интересира. Имам право да кажам што сакам, а ја зборувам само вистината. Таа тоа право никогаш нема да може да ми го скрати“, завршува Огњен со тоа што мисли како ќе реагира познатата пејачка откако претходно алудираше дека Карлеуша има и друг љубовник.