Водителот Огњен Амиџиќ неколку месеци е тема на разговор поради врската со неговата многу помлада колешка Мина Наумовиќ.
фото инстаграм/Огњен Амиџиќ
Тие освен што се заљубени и уживаат во приватниот живот, заедно и соработуваат во неговата емисија, а бидејќи зад нив е уште една успешна телевизиска сезона, заминаа на одмор во Грција.
фото инстаграм/Огњен Амиџиќ
Секојдневно со објавите докажуваат дека љубовта е се посилна и посигурна.
фото инстаграм/Огњен Амиџиќ
Двајцата се одлучија да уживаат на луксузната грчка дестинација Санторини, а разликата во однос на претходните заеднички патувања овој пат е очигледна.
фото инстаграм/Огњен Амиџиќ
Имено, парот изгледа решил да ја намали изложеноста во јавноста, па престанале да споделуваат објави на социјалните мрежи.
фото инстаграм/Огњен Амиџиќ
Сепак, не одолеаа да објават барем нешто, па на Инстаграм се појави само фотографија од шешир, но не е сосема јасно што сакаа да кажат. Во секој случај, сигурно е дека љубовта на Мина и Огњен е во полн сјај и дека тие двајца уживаат.
фото принтскрин/Јутјуб
Инаку Огњен за Мина изјави дека конечно нашол девојка која е идеална за него во секоја смисла, а посебно истакна дека покрај физичкиот изглед му се допаѓа и во деловна смисла и дека му одговара и како партнерка и како колешка.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Водителот во една прилика дури и објави дека е подготвен да се ожени со неа бидејќи, како што рече, нема што да чека.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
– Во врска сме, но нашиот договор е да ја чуваме приватноста за нас и да не зборуваме за тоа – рекол во една прилика Огњен, а потоа признал дека не бега од идејата повторно да се ожени бидејќи нема што да чека ако девојката е вистинската за него.
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ
фото инстаграм/ Мина Наумовиќ